22.1 C
Shtip
spot_img

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа ќе бидат насочени во Париз, каде ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе се борат за билет во финалето.

ПСЖ има шанса која не смее да ја пропушти

ПСЖ веќе неколку сезони наназад е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампиони, но никако да дојде до најспосакуваниот трофеј. Оваа сезона направија големи промени во тимот, заминаа двете најголеми ѕвезди Лео Меси и Нејмар, па сега главен адут е Килијан Мбапе и целата игра се заснова на Французинот. Меѓутоа, Луис Енрике успеа да направи балансиран тим, па иако не е меѓу главните фаворити, сепак ПСЖ оваа сезона е фаворит од сенка. Во групната фаза ПСЖ беше во најтешката група и едвај се пласира во елиминациите со ист број бодови како Милан, но подобра гол разлика. Во осминафиналето лесно го мина Сосиедад, а клучниот чекор го направија со елиминацијата на Барселона во четвртфинале. Сега имаат шанса за пласман во  финале, иако во првиот меч не се покажаа во најдобро светло. Сепак, негативата од еден гол е достижна, а домашниот терен ќе биде голема предност.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img