8.8 C
Shtip
spot_img

Денес се слави и чествува Покровита Богородица!

Денес е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип, а најмногу во Ново Село. Празникот го слави чудото од 10-тиот век, кога Пресвета Богородица се јавила во црквата во Влахерна, Цариград, и го раширила својот покров – наметка – над верниот народ, симболично покривајќи ги сите со својата милост, заштита и мајчинска грижа. Од тогаш, Покров се смета за ден на надеж, молитва и небесна закрила.

Во православната традиција, Покров не е само потсетник на чудото, туку и жив израз на верата дека Богородица секогаш се застапува за народот. Во Штип, централно место на одбележувањето е црквата „Св. Богородица Покров“ во Ново Село – духовно светилиште каде што утре од рано утро се очекуваат бројни верници.

Ќе се служи света божествена литургија. Верниците, како и секоја година, ќе дојдат да се помолат, да запалат свеќа и да побараат здравје, заштита и мир во домот.

Покров е и семеен празник – ден кога домот се исполнува со молитва, тивка радост и благодарност. Во Ново Село, каде традицијата се пренесува од колено на колено, денот ќе се одбележи со трпези, гости и благослов.

Во време на предизвици, овој празник потсетува: каде што е Богородица – таму е и утехата, тивката сила и надежта, бидејќи таа е радоста на нажалените, утехата и засолниште на немоќните, прибежиште на вдовците на сиромашните, сенадежна утеха на навредените, силна на беспошните и брзопослушница на сите страдални.

━ повеќе содржини

Брегалничка Епархија: Објавен е распоредот на свештеници за Задушница

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги...

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега...

Смртта на Курт Кобејн била убиство: Нова шокантна форензичка истрага ја доведува во прашање официјалната пресуда за самоубиство

Најново форензичко истражување тврди дека смртта на Курт Кобејн можеби не била самоубиство, туку убиство, откако приватен тим форензичари повторно ги анализирал обдукцијата и...

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...
spot_img