Во сабота, на 04.04.2026 на стадионот во скопската населба Железарница, се игра дербито од втората македонска фудбалска лига помеѓу домаќинот, екипата на ФК Скопје и штипска Брегалница. Натпреварот е од витално значење за двете екипи, првиот и вториот на табелата играат меѓу себе. Првото место води директно во првата лига, додека вториот и третиот ќе играат бараж.
Штипските сини со нетрпение го очекуваат овој меч, после кој ќе бидат познати многу работи во лигата. Натпреварот се игра во 15:30 часот, а директен пренос ќе има на М-Нет телевизија.







