8.8 C
Shtip
spot_img

Во Општина Штип за претседателските избори излезноста е 29,30 проценти, а за парламентарните 25,73 отсто

Се тече мирно во најдобар ред, убик апаратот е во одлична состојба и сме задоволни сега за сега. До сега гласаат и за парламентарните и за претседателските паралелно, нема опструкција, изјави Гацов.

На територија на Општина Штип своето право на глас за претседателските избори го исполниле 29,30 проценти, а за парламентарните избори 25,73 отсто, информира претседател на ОИК Штип.

МИА го посети избирачкото место 2300, претседателката на Избирачкиот одбор, Сања Гацов вели дека поголема излезност очекуваат во попладневните часови

-Во избирачкото место 2300 до сега се се одвива во најдобар ред имаме добра излезеност очекуваме поголема излезност во попладневните часови. Се тече мирно во најдобар ред, убик апаратот е во одлична состојба и сме задоволни сега за сега. До сега гласаат и за парламентарните и за претседателските паралелно, нема опструкција, изјави Гацов.

На избирачките места во Општина Штип претседателите потврдуваат дека избрирачкиот процес се одвива во најдобар ред без никакви проблеми, со што очекуваат дека ќе заврши и така.

Речиси 30 отсто од гласачите го остариле своето право на глас до 13 часот, потврија и од изборното место 2295 во основното училиште „Ванчо Прќе”. Очекуваат излезноста да се зголеми во попладневните часови.

Инаку во Штип денеска работат дел од фабриките и конфекциите, па затоа се очекува поголема излезност на двојните избори во попладневните часови. Според податоците на ДИК во третата изборна единица граѓаните гласаат и за избор на претседател и на пратеници. Разликата од неколку процентни поени се појавува, бидејќи има избирачи кои наполниле 18 години за Парламентарните избори.

━ повеќе содржини

Спомен обележјето на 5-те штипски ангели треба да биде готово за од прилика 4 месеци

За околу четири месеци треба да биде изградено спомен облежјето за петмината штипјани, кои животот го загубија во пожарот во Пулс. Истото ќе биде...

Градежна офанзива во штипско Ново Село. Се асфалтира улица Кежовица, ќе се гради мост на р.Брегалница, спортски терени…

Се асфалтира улица Кежовица, веднаш позади бањата во штипско Ново село. Жителите и останатите корисници на бањата и физикалната терапија, од денеска добиваат подобра...

Емотивна музичка приказна на штипјанецот Дарко Андонов (ДААН) излезе во музичкиот етер

Деновививе во етер излезе најновата нумера на штипјанецот Дарко Андонов. ДААН продукција во музичкиот свет донесе емотивна музичка приказна инспирирана од моменти на тишина,...

На плеќите на штипјанецот Иван Николов, Радник се пласираше во полуфиналето од купот на БиХ

Македонскиот интернационалец и некогашен капитен на нашата млада репрезентација, Иван Николов вчера беше стрелец за својот тим Радник Бјелина во рамките од Купот на...

Објавени се сите детали за винскиот салон-фестивал “Приказна во чаша” во Штип

Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал "Приказна во чаша", кој за прв пат ќе се одржи во нашиот...
spot_img