Во сабота со почеток од 14:30 ФК Брегалница во походот кон прва лига ја пречекува екипата на Саса од Македонска Каменица на Градскиот стадион во Штип.
Одбојкарите на Штип УГД играат дерби меч против ОК Работнички од Скопје во салата Јордан Мијалков во сабота од 19:00.
КК Соколи во недела со почеток од 17:00 часот ја пречекуваат екипата на КК Охрид.
Се на се, богат спортски викенд за сите љубители на спортот во Штип.







