11.7 C
Shtip
spot_img

Ако Лихтенштајн не прими „шестка“, тогаш и реми во Кардиф ни носи полесен ривал во баражот!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ремизира против Казахстан, додека Белгија славеше во Кардиф против Велс (4-2) што значи дека речиси сигурно ги изгуби шансите за првото место (тоа зависи и од Белгија која реално има „лесна“ задача до крајот), меѓутоа сè уште е во игра втората позиција во групата и за тоа постојат неколку комбинации.

Нашата селекција во моментов е на втората позиција со 13 бодови од седум одиграни натпревари и гол-разлика 12-3 (+9), додека Велс се наоѓа на третото место со 10 поени и еден меч одигран помалку од Македонија, со гол разлика 13-10 (+3).

Велс во следното коло игра против Лихтенштајн и се очекува да слави против најлошата селекција во нашата група, а доколку победата не биде поголема од шест голови разлика, тогаш на Македонија во последното коло ќе ѝ одговара и реми против директниот противник за втората позиција.

Доколку се случи Велс да слави со повеќе од шест голови против Лихтенштајн, тогаш Македонија ќе мора да оди на победа во последното коло.

Постојат и други комбинации, како на пример Велс да не слави против Лихтенштајн, односно да ремизира со што повторно на Македонија би ѝ одговарало реми, додека најидеално сценарио, но речиси невозможно е пораз на нашито следен ривал против најлошата репрезентација во групата.

Македонија со евентуално освојување на втората позиција во групата, ќе добие подобро место во баражот, а со тоа и шанса за полесен пат до пласман на Мундијалот.

━ повеќе содржини

Огромна чест: Промовирана поштенска марка со ликот на штипјанецот Д-р Сашко Кедев

А.Д. Пошти на Македонија денес промовираше марка со ликот на штипјанецот Проф. д-р Сашко Кедев. Промоцијата и марката се насовени „Кедев – 14 највисоки...

Огромна чест: Промовирана поштенска марка со ликот на штипјанецот Проф. д-р Сашко Кедев

А.Д. Пошти на Македонија денес промовираше марка со ликот на штипјанецот Проф. д-р Сашко Кедев. Промоцијата и марката се насовени „Кедев – 14 највисоки...

„Тотално шармантно” – пишува Гардијан за македонскиот филм Диџеј Ахмет и еве што друго

The Guardian – еден од најпрестижните весници во светот – го рецензираше македонскиот филм „Диџеј Ахмет” на режисерот Ѓорѓи М. Унковски. Оценката е пет...

На УГД се одржа работилница за вештачката интелигенција

Факултетот за образовни науки при УГД продолжи со реализација на настани од серијалот посветен на темата вештачка интелигенција во образованието. – Почнавме со една обука...

Во сабота ФК Брегалница го игра натпреварот на сезоната!

Во сабота, на 04.04.2026 на стадионот во скопската населба Железарница, се игра дербито од втората македонска фудбалска лига помеѓу домаќинот, екипата на ФК Скопје...
spot_img