8.8 C
Shtip
spot_img

Автофагија – процес во кој организмот “се јаде самиот себе”

Целта на автофагијата е да го „изеде“ сето тоа што не чини во телото и да го претвори во енергија

Автофагија во буквален превод значи „да се јадеш самиот себе“. Па што јаде автофагијата? Јаде вируси, паразити, односно микроорганизми што не ни требаат. За време на автофагијата, организмот препознава што не му треба, па го зема од постарите клетки само она што му треба.

Организмот е совршено направен, тој ги разградува старите клетки и создава нови клетки кои работат со полн капацитет.

Организмот ги препознава масните наслаги и ги разградува тие маснотии за да создаде енергија. Крвните садови природно се шират и доаѓа до стендирање, односно до создавање природни стендови на крвните садови. Масното ткиво се топи со автофагијата и се подобрува здравјето.

Што кога ќе огладнете?

Автофагијата нема да ја прекине сокот од лимон, а ќе ве засити. Два лимона и пола литар вода без шеќер – тоа ќе ви го намали гладот.

Грејпфрут ќе ја забави автофагијата, но нема да ја сопре.

Намирници што стимулираат автофагија се: боровинки, малини, капини, чај од жалфија, рузмарин, цикорија – сето тоа без шеќер.

Ако сакате да постигнете автофагија, не можете да пиете кафе навечер.

Што да јадете за време на автофагијата?

Најдобриот извор на енергија за нашето тело се јаглехидратите. Наутро за појадок треба да се почестите: мед, овошје, интегрални житарки, јаткасти плодови.

Не е добро да јадете сирење, кајмак, павлака…

Домашните варени јајца се добри, но може да бидат и дел од ручекот.

Каши што ги препорачуваат експертите се: каша од спелта, пченичен и пченкарен гриз, овес, просо, ориз – сите житарки. Во овие житарки може да додадете какво било овошје: вишни, киви, суви сливи, урми. Додајте малку мед и ете, појадок.

Помеѓу појадокот и ручекот треба да поминат 5 часа.

За ручек можете да јадете грав, леќа, грашок, боранија, леблебија, киноа, печурки, компир, интегрални житарки и слично.

Секој ден во нашето тело се создаваат малигни клетки, но организмот ги препознава и со помош на некои енкилер лимфоцити ги убива тие малигни клетки. Проблемот настанува кога производството на малигни клетки го надминува капацитетот на имунолошкиот систем кој треба да ги препознае и да ги уништи.

Сепак, може да се подигне имунитетот на повисоко ниво, почитувајќи ги законите на здравјето.

Како да активирате автофагија?

Автофагијата се активира по 12 до 16 часа не внесување никаква храна. Ако 12 до 16 часа не јадеме ништо, ќе се активира автофагија. Кај оние што се навикнати, автофагијата се вклучува по 12 до 13 часа.

Не е сеедно кога ќе бидете без храна за време на тие 16 часа. Потсетете се на старата мудрост: појадувајте сами, поделете го ручекот со пријателите, а вечерата дајте му ја на непријателот.

Односно, ако сакате да го уништите вашиот напредок, вечерата треба да ви биде најобилниот оброк.

Би требало да практикувате автофагија така што ќе појадувате обилно наутро, ќе ручате околу 15 часот и нема да јадете ништо до утредента наутро.

Ако некој работи тешка напорна работа, треба да јаде во 12 и во 17 часот, па до следниот оброк да има 12 до 13 часа автофагија.

Процесот на автофагија треба да биде вклучен во текот на спиењето.

━ повеќе содржини

Брегалничка Епархија: Објавен е распоредот на свештеници за Задушница

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги...

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега...

Смртта на Курт Кобејн била убиство: Нова шокантна форензичка истрага ја доведува во прашање официјалната пресуда за самоубиство

Најново форензичко истражување тврди дека смртта на Курт Кобејн можеби не била самоубиство, туку убиство, откако приватен тим форензичари повторно ги анализирал обдукцијата и...

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...
spot_img