11.2 C
Shtip
spot_img

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВА ЗГРАДА НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ШТИП И НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ

Во новата студиска година на Универзитетот„Гоце Делчев“ во Штип треба да почне и изградбата на нова зграда на Факултетот за медицински науки, што ќе биде во непосредна близина на зградата на Клиничката болница која десет години е во изградба.

Според одлуката на Владата, а и како што во неколку наврати најави премиерот Христијан Мицкоски, предвидено е со новите инвестициски фондови напоредно со доизградбата на Клиничката болница во нејзина непосредна близина да започне и изградбата на новата зграда на Медицинскиот факултет.

Проектите и динамиката на изградба, како што велат од ректорската управа на Универзитетот, се во домен на компаниите што ќе ги реализираат проектите што треба да ги изготват, а тие како високообразовна институција само се вклучиле да го приложат нивното мислење за тоа какви потреби има овој факултет.

„Знаеме дека дека новиот Факултет за медицински науки ќе биде во кругот на Клиничката болница во Штип, во близина на новиот објект кој е во изградба и ќе се простира на 5.000 метри квадратни. Наше беше да приложиме стручно мислење какви простории се потребни, па сугериравме бидејќи се стремиме кон Европа да има софистицирани простори за современо теоретско и практично образование, за што нашите студенти ќе имаат идеални услови со оглед на локацијата и поврзаноста со Клиничката болница. Треба да има современи амфитеатри, комфорни и опремени кабинети и лаборатории, симулаторски центри“, вели ректорот проф-д-р Дејан Мираковски.

Во контекст на новата студиска година Мираковски зборува и за проектот што беше најавен од Владата за изградба на студентски дом во Штип. И за тој капацитет има слободна локација, во близина на идната зграда на Медицинскиот факулетет, а според првичниот план новиот студентски дом ќе биде со капацитет за 200 студенти.

Ректорот Мираковски за планираните проекти и планови за поголем развој на високото образзование во Македонија зборуваше при официјалното промовирање на новите конкурски за запишување во новата студиска година 2025/26 во која слободни места има за 2.168 редовни и 820 вонредни студенти, како и места за студенти со кофинансирање.

━ повеќе содржини

ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОДЗЕМАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ СО ГОДИНИ СЕ ТРУПААТ ВО КРУГОТ НА „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ВО ШТИП

Стотина хаварисани и нерегистрирани автомобили, трактори и камиончиња, одземени од шумската полиција поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, со години стојат во...

Штипјанецот Коки Јанков со двоен албум и концерт во најава

„Навикни на промени“ е новиот двоен албум на музичарот Никола Јанков-Коки, кој треба да излезе за неколку месеци. Албумот е насловен по една од...

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба

„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е...

Богат спортски викенд претстои во Штип…фудбал, одбојка, кошарка

Во сабота со почеток од 14:30 ФК Брегалница во походот кон прва лига ја пречекува екипата на Саса од Македонска Каменица на Градскиот стадион...

Последната книга на Благој Самоников ќе биде промовирана постхумно

Утревечер постхумно ќе биде промовирана последната книга на авторот Благој Самоников, насловена како ,,Крикот на занемениот молк“ во домот на културата Ацо Шопов во...
spot_img