13.9 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Поповски повторно одличен!

Одличниот Мартин Поповски и неговиот тим Амичитија Цирих преку драматичен натпревар против Сухр Арау се изборија за мајсторка, петти решавачки дуел во четврфиналето на плејофот во Швајцарија.

Цирих по еден вистински трилер со дополнителни минути се избори за конечна победа на ова гостување со 39:36 и сега ќе има можност пред своите гледачи на 17 април да дојде до билет полуфиналето кое носи битка со брнаителот на пехарот Кадетен Шафхаузен.

Штипскиот и македонски интернационалец Поповски одново беше на највисоко ниво, постигнуваше погодоци во многу клучни моменти и на крајот заврши како прв стрелец во победничкиот тим (заедно со Смитс) со осум реализации од девет обиди.

Дали одличните игри во последно време ќе го замислат селекторот Лазаров за кам-бек на Мартин во репрезентацијата останува да видиме…

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img