14.4 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Миовски носи посебно емотивна приказна за денешниот меч со Велс

Македонскиот офанзивец Бојан Миовски носи посебно емотивна приказна за вечерашниот натпревар на националниот тим против Велс кој од 20:45 часот се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во квалификациите за СП 2026.

Миовски ќе настапи во специјално дизајнирани копачки со македонското знаме, а ќе игра за сите лица кои на 16.03.2025 ги загубивме во ужасната трагедија во Кочани.

Низ емотивен спомен, Миовски вели дека во детството си ветил дека еден ден со цело срце ќе игра за Македонија, и еве го сега во дресот на својата земја…

“Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: ‘Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја’ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот“ – вели Бојан, и дополнува: „Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img