Екипата на КК Соколи од Штип и натаму продолжува да го пополнува својот ростер за следната натпреварувачка сезона. Овојпат во прашање е странско засилување од САД, во името на Кам Хамилтон. Тој е вториот американец во составот, откако веќе потпиша Џеј Пал, кој игра на позиција крилен центар.
Се работи за плејмејкер кој што има искуство со играње во САД, Албанија, Кипар, и Полска. Се работи за одличен поентер и разигрувач, кој што во изминатата сезона одиграна во Полска имал просек од речиси 20 поени по меч.
Потсетуваме, во деновите претходно, КК Соколи 1933 го промовираше Марјан Србиноски за шеф на стручен штаб, а веднаш потоа ги промовираше и новите засилувања во имињата на Александар Костоски, Ивица Димчески, Јован Александровски и Хусеин Бајрам.







