16.9 C
Shtip
spot_img

Штипските сини со остра реакција после вчерашниот инцидент во Неготино

Во целост ја пренесуваме изјавата од управата на штипските сини:

ДЕМАНТ

“ФК Брегалница најостро ги демантира искажаните невистини и невешто смислени сценарија од страна на домаЧинот на вчерашниот меч и некои медиуми. Нашиот клуб е клуб со традиција и никогаш во историјата на нашите гостувања, управата и играчите немаат направено, ниту помислено на ваков девијантски однос каков што некои искомплексирани “фудбалски работници” сакаат да исценираат.

Покрај тоа, сакаме да истакнеме уште неколку факти. Уште кога пристигна нашата екипа во Неготино, некои непознати лица, почнаа физички да ги малтретираат нашите играчи и стручен штаб. На полувремето, нашиот тренер и двајца играчи беа нападнати од лица од управата на домаЧинот. Овие сцени, наведуваат да помислиме дека ова беше однапред смислено сценарио, бидејки полицијата која беше во мал број воопшто не реагираше. Фрапантен е фактот што еден од напаѓачите на нашите играчи е роден штипјанец.

ФК Брегалница, како клуб со реноме и традиција, доколку не беше испровоциран, немаше да се занимава со “клубови” кои немаат елементарни услови за наптреварување во било која лига. Немаат топла вода, немаат вода за пиење, а санитаријата во соблекувалните е искршена со години наназад.

Исто така, сакаме да прашаме дали овие напади и немили сцени на еден “фудбалски терен” на некаква си “арена” се евидентирани од делегатот или полицијата во записник !? Ова е втор случај, како службено лице од домаЧинот напаѓа противнички играч, а како што знаеме ФК Вардар Неготино беше казнет и од федерацијата. Па јавно прашуваме, дали оваков клуб заслужува да се натпреварува во некоја фудбалска лига?”

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img