2.9 C
Shtip
spot_img

Чудотворниот извор е на три часа од Македонија – деца прозборуваат по само капка од „говор водата“

На само околу три часа возење од Македонија, во срцето на Србија, се крие едно од најмистичните места на Балканот — изворот познат како „Говор вода“. Се наоѓа на надморска височина од 822 метри, на околу 100 метри под врвот на Гледиќките планини, во близина на селото Жупањевац.

принтскрин јутјуб

Овој регион припаѓа на Шумадија, во централна Србија, и е сместен на околу 160 километри северно од македонската граница, а на триесетина километри од градот Крушевац. Од Македонија, на пример од Скопје, до изворот се патува приближно 3,5 до 4 часа со автомобил. Најдобро е да се следи патот преку Куманово – Прешево – Врање – Лесковац – Ниш – Крушевац, па кон Трстеник и до селото Жупањевац. Последниот дел од патот е земјен, планински и тешко пристапен за обично возило, па се препорачува теренец или транспорт од локалните жители кои често им помагаат на посетителите.

Изворот го добил името „Говор вода“ поради специфичниот звук што го произведува водата додека тече — звук кој потсетува на човечки говор. Овој природен феномен, заедно со големиот број сведоштва за чудесни исцелувања, го прави местото особено привлечено за родителите на деца со говорни пречки.

Според бројни сведоштва, водата од изворот има моќ да „го отвори говорот“ кај деца кои не зборуваат или имаат значителни потешкотии во комуникацијата.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img