5.6 C
Shtip
spot_img

Цената на биткоинот нагло падна!

Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот.

Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, на 78.835 долари, откако биткоинот се тргуваше над 80.000 долари во поголемиот дел од оваа година, освен неколку кратки падови под тоа ниво поради нестабилноста од минатата недела. Таа цена е приближно 34 отсто пониска од рекордно високото ниво на биткоинот постигнато во јануари.

Цената на водечката криптовалута обично се движи како цените на акциите на големите технолошки компании, а трговците често ја сметаат за водечки показател за расположението на пазарот, но минатата недела се движеше во спротивна насока од берзата – и покрај падот на берзите, цената на биткоинот се задржа стабилно помеѓу 82 и 83 илјади долари.

Сепак, во неделата навечер, инвеститорите почнаа да продаваат криптовалути, со кои вообичаено се тргува 24 часа на ден, бидејќи очекуваат нов „масакр“ на берзите во наредните денови, откако реципрочните тарифи на Трамп ги зголемија стравувањата од глобална рецесија и ги принудија инвеститорите да бегаат од ризикот.

Американските царини во последните два дена од минатата недела на берзите избришаа 7.460 милијарди долари од пазарната вредност на акциите вклучени во индексот на S&P Global Broad Market, 5.870 милијарди на Волстрит и уште 1.590 милијарди на другите големи светски пазари. (МИА)

━ повеќе содржини

Аеродром, Гази Баба, Куманово и Штип меѓу градовите чии училишта добија грантови од МОН за заштита на учениците

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека вкупно 18 основни и седум средни училишта низ државата добиле грантови за спроведување програми за заштита...

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која...

САД ги замрзна иселеничките визи за 75 земји, меѓу нив и Македонија. Што ако веќе имате закажано интервју во амбасада?

Стејт департментот на САД нареди паузирање на обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 држави, со почеток од 21 јануари 2026 година. Според потврда...

Словенија воведува револуција во работата: Што значи моделот „80-90-100“?

Од 1 јануари 2026 година, Словенија воведe нов работен модел наречен „80-90-100“, кој носи значајни промени за постарите работници и за оние со долго работно...

Избран АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА – ако го возите, ќе бидете горди

По повеќе од 50 години, „Mercedes Benz“ се врати на тронот на европската автомобилска индустрија, бидејќи моделот „CLA“ беше прогласен за европски автомобил на...
spot_img