6.7 C
Shtip
spot_img

Цената на биткоинот нагло падна!

Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот.

Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, на 78.835 долари, откако биткоинот се тргуваше над 80.000 долари во поголемиот дел од оваа година, освен неколку кратки падови под тоа ниво поради нестабилноста од минатата недела. Таа цена е приближно 34 отсто пониска од рекордно високото ниво на биткоинот постигнато во јануари.

Цената на водечката криптовалута обично се движи како цените на акциите на големите технолошки компании, а трговците често ја сметаат за водечки показател за расположението на пазарот, но минатата недела се движеше во спротивна насока од берзата – и покрај падот на берзите, цената на биткоинот се задржа стабилно помеѓу 82 и 83 илјади долари.

Сепак, во неделата навечер, инвеститорите почнаа да продаваат криптовалути, со кои вообичаено се тргува 24 часа на ден, бидејќи очекуваат нов „масакр“ на берзите во наредните денови, откако реципрочните тарифи на Трамп ги зголемија стравувањата од глобална рецесија и ги принудија инвеститорите да бегаат од ризикот.

Американските царини во последните два дена од минатата недела на берзите избришаа 7.460 милијарди долари од пазарната вредност на акциите вклучени во индексот на S&P Global Broad Market, 5.870 милијарди на Волстрит и уште 1.590 милијарди на другите големи светски пазари. (МИА)

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img