2.3 C
Shtip
spot_img

Утре е 21-то издание на “Outdoor Fest Ја сакам Плачковица”

Веќе традиционално, на планината Плачковица, по повод празникот Петровден се одржува Outdoor Fest, кој годинава е дел од Штипско културно лето. Во продолжение погледнете ја програмата и сите важни информации околу настанот.


ПРОГРАМА:

▪️Сабота 12.07.2025

🌄 09:00 планинарска акција врв Црквиште(1693мнв), црква Св.Спиридон, врв Туртел(1607 мнв) по одбележана патека во должина од 14 км, 4-5 часа.
⏰ Старт од место викано Билборди.
Секој да си носи вода минимум 1,5л. и храна од ранец според потребите.
📞 Задолжително пријавување кај Емилија 070-348-845

🏃🏻‍♂️09.00 кањонинг на Вртешка река
⏰ Старт од пл.дом Вртешка
Одлична лесна кружна патека полна со возбуда.
📞 Задолжително пријавување кај Александар 070-210-063

⛰️16.00 Спелеолошко-планинарска акција- посета и разгледување на преубавата пештера “ЌУП”;
⏰ старт од место викано ,,Билборди.
Превозот е во сопствена режија.
👉Времетрањето на стазата е три часа во двата правца со висинска елевација од 400 мнв.
✅Категорија( лесна), погодна за почетници;
🪖ДПС Лисец ќе обезбеди челни лампи и заштитни шлемови за сите учесници кои ќе влегуваат во пештерата, но доколку некој има сопствен шлем и челна лампа пожелно е да се носат.
🥪🧃Храна и вода 1,5л. од ранец за време на акција
👤Одговорно лице за конатакт на оваа акција е Милорад тел 078 476 716.

⏰ 17:00 Open day КАЧУВАЊЕ на вештачката карпа за почетници и авантуристи;
Зборно место пл.дом Вртешка.
📞 Задолжително пријавување кај Јован 078-548-848

🎶По завршување на акцијата сите учесници се поканети на забава во пл дом Вртешка

🎸20:30 забавата може да почне
-Горан Таневски/Мизар
-Троја
-DJ FLOODER
Со вкусна скара и ладно пиво.

Организатори на фестивалот се:
👉ДПС Лисец – Штип
👉Општина Штип
👉Штипско културно лето

ВАЖНО‼️
📞 За детални информации за секоја избрана активност како и задолжително пријавување кај одговорните лица најдоцна до 10 јули (четврток)2025.

⚠️Пријавувањето за сите кои имаат желба да учествуваат во било која активност е задолжително заради подобра организиција како и заради задолжителното пријавување за вадење дозвола за движење во шуми.
🙌Останатите кои нема да земат учество во активностите се добродојдени на забавата и за нив не е потребно пријавување.

🛌Сите кои ќе сакаат да преноќуваат во пл.дом Вртешка или во шатори потребно е навремено да направат резервација на 078-393-890 Венцо Наков.
Цената за едно ноќевање
-во домот е 500 денари за планинари со платена членарина на ФПСМ за 2025 год и 600 денари за останатите;
– во камп просторот е 200 денари од човек.

━ повеќе содржини

ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОДЗЕМАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ СО ГОДИНИ СЕ ТРУПААТ ВО КРУГОТ НА „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ВО ШТИП

Стотина хаварисани и нерегистрирани автомобили, трактори и камиончиња, одземени од шумската полиција поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, со години стојат во...

Штипјанецот Коки Јанков со двоен албум и концерт во најава

„Навикни на промени“ е новиот двоен албум на музичарот Никола Јанков-Коки, кој треба да излезе за неколку месеци. Албумот е насловен по една од...

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба

„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е...

Богат спортски викенд претстои во Штип…фудбал, одбојка, кошарка

Во сабота со почеток од 14:30 ФК Брегалница во походот кон прва лига ја пречекува екипата на Саса од Македонска Каменица на Градскиот стадион...

Последната книга на Благој Самоников ќе биде промовирана постхумно

Утревечер постхумно ќе биде промовирана последната книга на авторот Благој Самоников, насловена како ,,Крикот на занемениот молк“ во домот на културата Ацо Шопов во...
spot_img