6.7 C
Shtip
spot_img

Успеси за младите штипски тениски надежи

Изминатиот викенд се одржа турнир во Државното првенство во портокалов тенис до 10 години, во тениски клуб Мондано во Скопје, а на кој имаше пријавено 26 девојчиња од цела Македонија.

Турнирот го освои деветгодишната Марија Стодиќ, а до пехарот стигна со шест победи. Од штипскиот клуб Астибо учествуваа Анастасија Митев која беше запрена во осмиминафиналето, додека Лорена Николова, Славица Поп-Панева и Ана Рамбабова прикажаа одлична игра во групната фаза.

Во период од 29 до 31 март годинава се одржа Државното првенство до 11 години во ТК Тумба во Куманово во конкуренција момчиња турнирот го освои Стефан Гичев, одлична игра прикажа и Давид Стојановски. Марија Стодиќ беше запрена во четвртифиналето во женска конкуренција.

Одлична игра на младите тенисери со кои работат тренерите Срѓан Савески и Дијана Петрова.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img