29.1 C
Shtip
spot_img

УГД – Штип денес бира нов ректор!

Новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде познат денес! Во фокусот на академската јавност е прашањето кој ќе добие доверба да ја води оваа институција со над 12.000 студенти и десетици факултети, институти и лаборатории.

Изборот се спроведува на слободни, непосредни и тајни избори од страна на наставно-научните и уметнички совети. Право на кандидатура имаат само редовни професори со македонско државјанство.

Покрај формалната пријава, кандидатите доставија и програма за работа, лична и научна биографија, како и библиографија – со што веќе почнаа дебатите за визиите и иднината на УГД.

Избраниот ректор ќе го преземе мандатот на 15 септември и ќе ја води институцијата до 2028 година. Од него се очекува не само да ја зачува академската стабилност, туку и да ја засили меѓународната позиција на Универзитетот.

Одлуката што ќе ја донесат членовите на советите утре – ќе го одреди правецот на универзитетскиот развој за наредните три години. Останува прашањето: кој ќе биде новиот прв човек на УГД?

Инаку, Дејан Мираковски- доктор на технички науки, беше ректор на УГД Штип од 2022 година до денес и одговорно го водеше овие три години самиот универзитет.

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img