6.7 C
Shtip
spot_img

Трагедија во Кочани: Пожар во дискотека однесе 59 животи, меѓу нив и младиот фотограф Александар Ефремов

Во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а над 100 се повредени.  Меѓу загинатите е и Александар Ефремов, талентиран млад фотограф од Штип. Неговите блиски пријатели се простуваат од него со зборовите: „Почивај во мир, Царство Небесно“. За Ефремов велат дека бил ретко добар човек и врвен фотограф.

Пожарот избувна за време на настап на познатиот македонски бенд ДНК, кога пиротехнички средства предизвикаа запалување на таванот, кој бил од лесно запалив материјал.  Оваа трагедија ја потресе целата земја, а Владата прогласи седумдневна жалост и наложи итни инспекции на сите ноќни клубови и дискотеки. 

Сочувствата пристигнуваат од целиот регион и Европа, а властите ветија целосна истрага за причините за оваа трагедија.  

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img