8.1 C
Shtip
spot_img

СОМА: Семинар на тема ,,Розов октомври“ во Штип, целта е подигање на свеста за борбата со ракот на дојка

Со цел да се подигне свеста за борбата со ракот на дојка, вчера во Штип се одржа семинар на тема „Розов октомври“. Организиран од студентската асоцијација СОМА, настанот испрати силна порака: телото зборува, но ретко го слушаме. Наместо само за медицински факти, се зборуваше за емоции, стравови и тишина што боли.

,,Целта на овој семинар е да се подигне свеста и всушност да се сфати дека медицината не е само теорија, не е само пракса, туку е всушност уметност на слушање. Затоа што слушањето е всушност лекот. Се слушат симптомите, телото, се слушат емоциите. Токму тоа ќе го опфатиме во овој семинар и токму таа психолошка страна ќе биде и фокусот на овој семинар денес. Пред се ние денес пробавме да направиме простор каде што ќе може да порагоразговараме, да дадеме подршка и на други и да научиме нешто ново. Разговорот е лек за се. Од разговорот може и да се научи, мислам дека тоа го направивме токму денес.”, истакна Мирасчиев

Дека ова заболување е се почесто во денешницата, особено кај помладите, согласна беше радиологот од КБ Штип Габирела Димова. Рече дека минималната возрасна граница на ова заболување е од 25 тата годината нагоре

Подигнувањето на свеста за ракот на дојка не е само збор, туку повик на акција. Раното откривање е клучот што може да спаси живот и да даде шанса за целосно оздравување. Студентите и оваа година го одбележаа месецот, нагаслувајќи дека не само овој месец треба да биде потсетник за подигањето на свеста од ова заболување.

━ повеќе содржини

Брегалничка Епархија: Објавен е распоредот на свештеници за Задушница

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги...

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега...

Смртта на Курт Кобејн била убиство: Нова шокантна форензичка истрага ја доведува во прашање официјалната пресуда за самоубиство

Најново форензичко истражување тврди дека смртта на Курт Кобејн можеби не била самоубиство, туку убиство, откако приватен тим форензичари повторно ги анализирал обдукцијата и...

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...
spot_img