5.6 C
Shtip
spot_img

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Собранието на Северна Македонија, по двонеделна пауза, донесе девет закони по скратена постапка. Со 83 гласови „за“ и еден „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред по скратена постапка, со којшто се забранува употреба на пиротехника во затворен простор. Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, се врши интервентна измена во Законот како резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.

Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува притвор.

Со измените е предвидено и полицијата да добие зголемени надлежности при постапување и при превенција на нарушувањето на јавниот ред и мир.

Претходно, во претпладневниот дел од собраниската седница, причините за итните измени ги образложи пратеникот Тони Јаревски кој ги повика сите пратеници да се вклучат во донесувањето на законските измени. Тој посочи дека се констатирани многу пропусти кои треба да се надминат за да нема импровизации кои ќе резултираат со вакви хаварии и несреќи.

Пратениците вечерва ги донесоа и измените во Законот за учебници за основно и средно образование по скратена постапка, како и измените во Законот за основно образование, исто така, по скратена постапка.

Даниела Николова од СДСМ реагираше на измените на Законот за основно образование, бидејќи според неа, во законот се интервенира „со уназадувачки политики за човековите права“. Укажа дека законските измени се предлагале набрзина, без јавна расправа и оти во нив се прави дискриминација бидејќи терминот родова еднаквост се заменува со еднаквост меѓу половите.

Пратеникот Антонио Милошоски во реплика рече дека не е точно оти се девалвира терминот еднаквост меѓу мажите и жените со терминот родова еднаквост, истакнувајќи дека треба да ја штитиме еднаквоста меѓу мажите и жените без никаква дискриминација.

Пратениците по скратена постапка го донесоа и Законот за субвенциониран студентски оброк со којшто се зголемува опфатот на корисници на студентски оброк. Моника Зајкова од ЛДП изрази разочарување поради неприфаќањето на амандманите за зголемување на износот на субвенцијата на студентскиот оброк, согласно трошоците на живот и зголемувањето да се изврши за наредната академска година.

Пратениците доцна вечерва по скратена постапка ги донесоа и измените на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за стручно образование и обука, на Законот за просветна инспекција, на Законот за енергетска ефикасност, како и измените и дополнувањата на Законот на Бирото за развој на образованието.

━ повеќе содржини

Аеродром, Гази Баба, Куманово и Штип меѓу градовите чии училишта добија грантови од МОН за заштита на учениците

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека вкупно 18 основни и седум средни училишта низ државата добиле грантови за спроведување програми за заштита...

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која...

САД ги замрзна иселеничките визи за 75 земји, меѓу нив и Македонија. Што ако веќе имате закажано интервју во амбасада?

Стејт департментот на САД нареди паузирање на обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 држави, со почеток од 21 јануари 2026 година. Според потврда...

Словенија воведува револуција во работата: Што значи моделот „80-90-100“?

Од 1 јануари 2026 година, Словенија воведe нов работен модел наречен „80-90-100“, кој носи значајни промени за постарите работници и за оние со долго работно...

Избран АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА – ако го возите, ќе бидете горди

По повеќе од 50 години, „Mercedes Benz“ се врати на тронот на европската автомобилска индустрија, бидејќи моделот „CLA“ беше прогласен за европски автомобил на...
spot_img