7.4 C
Shtip
spot_img

Редок феномен можеше да се забележи вечерва на небото

Редок феномен вечерва на небото, видлив со голо око. Се работи за познатиот феномен што се јавува по лансирањето на ракети, а во овој случај, тоа е феномен предизвикан од ракетата SpaceX на Илон Маск.

Овој спирален траг настанува поради неколку фактори: Испушни гасови, ротација на ракетата и најважно од се’, временските услови. Кога се присутни соодветни временски услови (на пример, ветрови на одредени височини), оваа спирална форма може да биде уште поизразена и полесно забележлива од земјата. Овој феномен не е ништо паранормално, ниту некој необјаснив настан, туку тоа е резултат на физички процеси при лансирањето на ракетите.

Многу луѓе ги виделе слични појави при лансирањето на други ракети, така што објаснувањето веќе е добро познато во научните кругови.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img