6 C
Shtip
spot_img

Раната вечно ќе крвари во мене: Дарко се врати од лекување во странство

Дарко Стојанов, првиот пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во странство, вчера пристигна во Македонија, во добра и стабилна состојба.ж

Дарко вчера беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.

Тој денеска се огласи на Фејсбук и напиша потресен статус за трагедијата која однесе 59 животи и зави многу семејства во црно.

– Драги пријатели, познаници и непознаници. МИЛИ МОИ УЧЕНИЦИ ПРЕМНОГУ МИ НЕДОСТАСУВАТЕ, НО ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НАСКОРО. МОЈ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СОЛИДАРНОСТА, ЕМПАТИЈАТА И ХРАБРОСТА КОЈА ЈА ДОБИВАМ.

Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Klinički centar Srbije. Моите деца сеуште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!, напиша Дарко.

━ повеќе содржини

РЕКОРДНИ 22,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАУКАТА ВО 2026 ГОДИНА Ќе се трошат за научни проекти, конференции, стипендии, објавување трудови…

Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари (22,2 милиони евра) со кои...

Што значи кога ќе се запали „Check Engine“ ламбичката?

Многу возачи панично реагираат кога ќе се запали жолтата ламбичка со натпис „Check Engine“ на контролната табла, но тоа не мора секогаш да значи...

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше...

РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата

Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја...

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...
spot_img