11 C
Shtip
spot_img

ПУШАТ ЦИГАРИ УШТЕ НА 13 ГОДИНИ! Фрапантни статистики за младите во Македонија

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи – истакна министерката Јаневска на работилницата посветена на зависностите кај младите.

Пушат цигари 40 проценти од младите во Македонија, кои се на возраст до 18 години, дел од нив уште од 13-годишна возраст, со што Македонија се рангира меѓу земјите со највисоките стапки на пушење, истакнаа учесници на регионална работилница на која денеска учествуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи – истакна министерката Јаневска на работилницата „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“, во организација на Аналитика Тинк Тенк.

– Злоупотребата на тутунот и електронските цигари кај младите навистина штетно влијаат на здравјето. Тоа мора да го превенираме и Министерството за образование и наука и Владата преземаат определени чекори првенствено за превенција за да ги избегнеме трошоците за лекување во подоцнежите години – нагласи Јаневска.

Таа потсети дека новина од оваа година е воведување на предметот „Учам за моето здравје“, кој ќе се изучува во седмо одделение. Министерката најави дека во новата учебна година ќе бидат обучени 50 стручни соработници и 150 наставници во 50 основни училишта за реализација на превентивната програма „Вештини за адолесценција“. Станува збор за структурирана програма, која е базирана на докази, за превенција од користење на цигари, дрога и алкохол и која досега со успех е имплементирана во 105 земји од целиот свет“, додаде министерката.

Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика тинк тенк истакна дека Македонија сѐ уште се рангира како земја со една од повисоките стапки на пушење.

– Факт што нас нѐ загрижува и нашите анализи што покажуваат е дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење. Она што можеме да го направиме и како тинк тенк и како цело општество е да реагираме соодветно. Прво, на младите под 18 години им се забранува продажба на цигари и треба да се почитува таа законска регулатива. Најважна е и едукацијата и превенцијата да почнат од многу рана возраст. Од рано да ги едуцираме младите дека генерално пушењето е штетно и младите да развиваат позитивни навики – рече Мијовиќ Спасова.

Според неа, она што е најфрапантно и анализите што покажуваат дека веќе на 13 годишна возраст младите почнуваат да пушат.

– И штом толку мали ја почнуваат таа навика значи веќе многу е веројатно дека тие веќе и во нивниот подоцнежен период ќе станат пушачи. Четириесет проценти од младите што се до 18 години пушат. Затоа кажав дека бројките се алармантни. Треба да работиме на превенција на овие лоши навики, а не повторно да имаат претстава дека новите производи што се нудат на пазарот, како електронските цигари, се некоја безбедна варијанта којашто нема да им пречи. А според новите студии не се така безбедна варијанта на цигарите – рече Мијовиќ Спасова.

━ повеќе содржини

Зошто жените живеат подолго од мажите?

Жените живеат подолго од мажите низ целиот свет, но нова студија открива дека еволуцијата, генетиката и разликите меѓу половите кај животните играат клучна улога...

Поскапува горивото за трките во Формула 1 – за една трка ќе чини “само” 27.500 евра

Додека тековната сезона во Формула 1 е во тек, тимовите веќе се подготвуваат за следната, која ќе донесе мноштво промени во правилата и техничките...

Познатата српска пејачка “олеснета” за 200.000 евра од маскирани крадци

Драгица Радосављевиќ- Цакана неодамна беше ограбена, а таа јавно проговори за деталите од инцидентот. Како што таа истакна тогаш, крадците биле маскирани и не оставиле...

“Монографија на еден живот исполнет со звук, љубов и уметност” – во чест на Филип Стевановски

Маријан Стевановски (татко на Филип) се огласи на социјалните мрежи, дека е готова монографијата напишана за својот прерано починат син Филип Стевановски. Наскоро и...

Пукање во близина на домот на Мирослав Илиќ, пејачот итно се огласи во српските медиуми

Во попладневните часови вчера, 30 септември, во еден угостителски објект во населбата Вишничка бања во Белград избувна жестока тепачка која прерасна во вооружен инцидент....
spot_img