9.4 C
Shtip
spot_img

Продаден хотелот „Гарни“ во Штип за 15,5 милиони денари

Хотелот „Гарни“, еден од симболите на централното градско подрачје во Штип, доби нов сопственик. Во вториот обид за продажба, Општина Штип успеа да обезбеди сума од 15,5 милиони денари.

Купувач на објектот е компанијата „Panway Invest“ од Штип. Хотелот претходно беше понуден на продажба како културно наследство, прво на државата, но не беше прифатен.

Според условите на продажбата, новиот сопственик е должен да го задржи автентичниот изглед на хотелот, како и неговата основна намена. „Гарни“ се наоѓа на исклучително значајна локација и е прогласен за споменик на културата од прва категорија, под заштита на државата.

Со оваа трансакција се очекува објектот да биде обновен и повторно ставен во функција, со почит кон неговото историско и културно значење.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img