6.5 C
Shtip
spot_img

Приведени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР – Штип

Двајца возачи, кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР – Штип, во текот на вчерашниот ден биле лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во одделни случаи, во Штип и во Пробиштип, лишени од слобода биле Д.Ј., на возраст од 35 години од Штип и 45-годишниот С.Г. од село Соколарси, општина Чешиново – Облешево.

– Во првиот случај, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. Во вториот случај, исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал С.Г., за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, се појаснува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img