-1.2 C
Shtip
spot_img

Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, предвиден е годишен приход од 120 милиони евра во товарниот сообраќај

Првични геолошки активности и истражувања на терен за изградбата на брзата пруга на Коридорот 10 во септември, а механизација доцна наесен, најавува директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски. 

-Најидеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, сигурно ќе има потреба од експропријација, но ќе се трудиме тоа да го сведеме на минимум и да нема проблеми. Од друга страна, тоа што ќе се гради до постоечката пруга е веќе пат што е трасиран и проблемите на терен се веќе познати. Постојните 235 километри ќе се трудиме да ги намалиме на 200 и под 200 километри, секаде каде ќе има можност ќе се исправат кривините, рече Ивановски, во вечешарното гостување на ТВ Сител.

Тој најави дека ќе бидат вградени 30 проценти британски компоненти, што, потенцира, ни одговара бидејќи се на второ место по квалитет во светот.  – Сигурен сум дека премиерот ќе има состаноци со сите стопански комори, ќе биде понудена соработка и ќе има простор за вклучување на секоја македонска компанија, посочи Ивановски.

Набавката на брзите возови, како што рече, е одговорност на МЖ Транспорт. – Сигурно дека за пет години од сега мора да имаме нови возови, не само тоа, ние со постоечките возови нема да можеме да влеземе во Европската унија. Мора да се набават возови и локомотиви што ги исполнуваат стандарите и тоа е во планот на Владата, да се набават нови возови, рече Ивановски. 

Според него, за пет години ќе се заврши и реконструкцијата и изградбата на новата пруга, а и двете ќе се користат и за патнички и за товарен сообраќај.

-Се очекува годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај заради тоа што пристаништата во Атина, Солун, Александропулоос и во Кавала постојано бележат нагорна линија, најбрзиот пат е преку Македонија, треба да ја искористиме нашата позиционираност, посочи Ивановски.

Бројот на станици за застанувања на патничките брзи возови ќе се утврди со проектот,  но како што рече, што е можно помалку, но во исто време ќе има и конектори.

– Скопје сигурно, ќе го поврземе со аеродромот Петровец, што е новина, сигурно и во Велес и во Гевгелија, а во втора фаза ако не успееме во првата, ќе пуштиме Кочани кон Штип до Велес, за да има како луѓето да доаѓаат до централните станици за да пристапат до меѓународен сообраќај, рече директорот на МЖ Инфраструктура.

Целта е, појасни, да има брз и ефикасен транспорт поради што Министерството за транспорт во соработка со соседните држави ќе направат се што е можно да има само едно застанување. 

Во однос на изградбата на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија повтори дека и покрај  многуте барања што ги испратил  до раководството на бугарската железница да дојдат на средба за да се дефинира техичкото решение нема позитивен одговор. Во последниот допис што му го испратиле, рече дека му посочиле во иднина комуникацијата да биде преку Амбасадата и Министерствата за надворешни работи и за транспорт.

– Ми дојде непријатно, дури да се извинам што пишувам воопшто покана, ако нешто сакаат да работиме, да работиме. На крајот на денот ние и реално работиме. Првата фаза Куманово – Белјаковце со австриски „Штрабаг“ ја завршивме, на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка со турски „Ѓулермак“ војни водам, но пак работиме, споро но одиме напред. А нивното „домашно“ е само 500 метри од Ѓуешево до граница кое не се случува, а и од Софија до Ѓуешево нивната пруга е во страшно лоша состојба, рече Ивановски, дополнувајќи дека на техничките состаноци од бугарска страна немало проекти.  

По надминување на проблемот со Бугарија, најави дека фокусот ќе биде на пругата кон Албанија со која користиме заеднички грант од ЕУ за техничко решение, а како што рече, имаме коректна комуникација. 

━ повеќе содржини

Кој е анонимниот обложувач кој заработи чисти 404.000 долари на оставката на Мадуро?

На платформата Polymarket – најголемата светска платформа за предвидувања – неодамна беше поставена една од најневообичаените облози во историјата. Непознат корисник вложил 32.000 долари...

Повеќе од 2.100 жени го тужат Pfizer бидејќи популарната контрацепција им предизвикала тумори на мозокот

Илјадници жени во Америка започнаа судска постапка против фармацевтскиот гигант Pfizer, тврдејќи дека нивната популарна контрацептивна инјекција Depo-Provera им предизвикала трауматични и понекогаш неизлечиви...

ШТИП ДОНЕСЕ НОВ ТАКСИ-ЦЕНОВНИК, УКИНАТА ПОВОЛНОСТА ЗА БЕСПЛАТНИ ПРВИ ДВА КИЛОМЕТРИ, СТАРТОТ ЌЕ ЧИНИ 70 ДЕНАРИ

Такси-превозот во Штип од почетокот на оваа година се одвива според нов ценовник, усвоен од Советот на Општина Штип на последната седница кон крајот...

Стара Нова година и Василица – Утре повторно ќе се празнува

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар утре вечер, на 13. кон 14. јануари, ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Ќе се слават три...

Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување...
spot_img