19.6 C
Shtip
spot_img

Почнува новата Ф1 сезона: Хамилтон сака да ја прекине доминацијата на Верстапен

Новата сезона во Формула 1 шампионатот e на прагот, трката за Големата награда на Австралија ќе се вози в недела во 5 часот по македонско време.

Титулата во Ф1 ја брани возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, кој победи на 9 трки минатата сезона. Тој е актуелен четирикратен светски шампион, а титулите ги освои и во 2021, 2022 и 2023 година. Верстапен во кариерата забележа 63 победи во Ф1 шампионатот. Негов тимски колега годинава ќе биде Новозеланѓанецот Лиам Лосон.

Титулата во конкуренција на конструктори ја брани Мекларен, кој оваа сезона ќе го возат Британецот Ландо Норис и Австралиецот Оскар Пјастри. Тие ќе бидат еден од двата големи конкуренти на Ред Бул сезонава, а другиот ќе биде Ферари. Британецот Луис Хамилтон, кој од Мерцедес се пресели во италијанскиот тим на крајот на минатата сезона, оваа ќе дебитира за тимот на „Црниот коњ“. Покрај Хамилтон, за тимот на Ферари ќе вози и Шарл Леклер.

Од позадина, Мерцедес ќе демне во борбата за подиумот, а во болидите ќе бидат Британецот Џорџ Расел и Италијанецот Андреа Кими Антонели, кој ќе дебитира во Ф1 оваа сезона. За Астон Мартин ќе возат Шпанецот Фернандо Алонсо и Канаѓанецот Ленс Строл. Алпин ќе го претставуваат Французинот Пјер Гасли и Австралиецот Џек Дуан, додека во тимот на Вилијамс ќе настапат Шпанецот Карлос Саинс и Тајланѓанецот Александер Албон.

Тимот на Кик Заубер ќе го претставуваат искусниот германски возач Нико Хулкенберг и Бразилецот Габриел Бортулету, додека во Хас ќе бидат Французинот Естебан Окон и Британецот Оливер Берман, кој лани дебитираше во Ф1. За тимот на Рејсинг Булс ќе возат Алжирецот Исак Хаџар и Јапонецот Јуки Цунода.

Во новата сезона во Ф1 ќе има 24 трки, а шампионатот ќе заврши на 7 декември со Големата награда на Абу Даби. На 6 патеки ќе се возат и спринт трки: во Кина, Мајами, Белгија, Остин, Катар и Бразил.

Распоред на трки во Формула 1 за сезоната 2025 година:

16 март – ГП на Австралија („Алберт Парк“ во Мелбурн)
23 март – ГП на Кина („Шанхаи“ во Шангај)
6 април – ГП на Јапонија („Сузука“ во Сузука)
13 април – ГП на Бахреин („Бахреин“ во Сахир)
20 април – ГП на Саудиска Арабија („Џеда Корниш“ во Џеда)
4 мај – ГП на Мајами („Мајами Автодром“ во Мајами Гарденс)
18 мај – ГП на Емилија-Ромања („Имола“ во Имола)
25 мај – ГП на Монако („Монако“ во Монако)
1 јуни – ГП на Шпанија („Барселона-Каталуња“ во Монмело)
15 јуни – ГП на Канада („Жил Вилнев“ во Монтреал)
29 јуни – ГП на Австрија („Ред Бул Ринг“ во Шпилберг)
6 јули – ГП на Велика Британија („Силверстоун“ во Силверстоун)
27 јули – ГП на Белгија („Спа-Франкошам“ во Ставелот)
3 август – ГП на Унгарија („Хунгароринг“ во Маѓород)
31 август – ГП на Холандија („Зандфорт“ во Зандфорт)
7 септември – ГП на Италија („Монца“ во Монца)
21 септември – ГП на Азербејџан („Баку Сити“ во Баку)
5 октомври – ГП на Сингапур („Марина Беј“ во Сингапур)
19 октомври – ГП на САД („Америка“ во Остин, Тексас)
26 октомври – ГП на Мексико („Ерманос Родригес“ во Мексико Сити)
9 ноември – ГП на Саун Паулу („Интерлагос“ во Саун Паулу)
22 ноември – ГП на Лас Вегас („Лас Вегас Стрип“ во Парадајз, Невада)
30 ноември – ГП на Катар („Лусаил“ во Лусаил)
7 декември – ГП на Абу Даби („Јас Марина“ во Абу Даби)

━ повеќе содржини

Утре е 21-то издание на “Outdoor Fest Ја сакам Плачковица”

Веќе традиционално, на планината Плачковица, по повод празникот Петровден се одржува Outdoor Fest, кој годинава е дел од Штипско културно лето. Во продолжение погледнете...

Al Jazeera Balkans се затвора по 14 години работа?

По четиринаесет години работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект Al Jazeera Balkans се затвора, пренесува босанскиот медиум Klix.ba. Al Jazeera Balkans е регионалната подружница на Al Jazeera Media Network со...

30 години Сребреница: Срамот на Европа

Кога силите на генералот на босанските Срби, Ратко Младиќ, во јули 1995 година го извршија геноцидот врз Бошњаците од тогашната енклава и зона под...

Amazon има повеќе од милион роботи: Човечката работна сила станува малцинство

Технолошкиот гигант Amazon објави дека сега користи повеќе од еден милион роботи во своите магацини низ целиот свет. Компанијата моментално вработува околу 1,56 милиони луѓе,...

Се разгоре војната меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Американскиот актер Бред Пит поднесе барање за пристап до приватните пораки на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли пред нивната судска битка за француската винарија...
spot_img