12.2 C
Shtip
spot_img

Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов – дискотеката „Пулс“ ја однесе 62. жртва

Министерството за здравство денеска соопшти дека, според информациите добиени од Воено Медицинската Академија (ВМА) во Белград, претпладнево почина Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година.

Стефанов беше еден од најтешко повредените во трагичниот пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кој досега однесе 62 животи.

„Станува збор за пациент кој уште од првиот ден беше во критична состојба и веднаш беше транспортиран на лекување во ВМА – Белград. Беше интубиран и се наоѓаше на апарат за ЕКМО (екстракорпорална мембранска оксигенација), заради сериозните повреди на дишните патишта и вдишаниот чад“, информираат од Министерството.

Стефанов имал 27% изгореници и сериозни компликации, поради што неговата состојба останала нестабилна целиот период од хоспитализацијата. Беше опериран на 4 април, но, за жал, не успеа да се избори со последиците од повредите.

Министерството за здравство изрази најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и сите засегнати од оваа голема трагедија.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img