21 C
Shtip
spot_img

Почина легендарната македонска актерка Соња Каранџулоска

Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, со првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.

На сцената на МНТ игра уште пред вработувањето. Прва улога ѝ е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу другите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса-Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна ѝ е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).

Особено значајна и карактеристична ѝ е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонскиот народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивалот на монодрама во Битола, Фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е резултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцената, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.

Освен во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ-филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ-филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ-филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ-филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ-филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ-филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“.

Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна ѝ слава!

РСМ НУ Македонски народен театар

━ повеќе содржини

Барселона и Тер Штеген “ја спукаа”

Марк-Андре тер Штеген (33) ќе мора да ја напушти Барселона. Голманот кој изминатите години беше еден од симболите на Барселона, дозна колку суров може...

Франција го забрани пушењето околу сите образовни установи, плажи, паркови, автобуски постојки

Француската влада соопшти дека од 1 јули ќе биде забрането пушењето на отворени јавни места каде што може да се наоѓаат деца, како што...

YouTube се надмина себеси: Погледнете каде ќе поставуваат реклами

Без разлика дали станува збор за реклами што може да се прескокнат, реклами што не може да се прескокнат или некој трет тип, крајната...

Што ќе ви се случи ако престанете да консумирате шеќер?

Ако планирате или барем посакувате целосно да го исфрлите шеќерот од исхраната, вашиот организам ќе реагира најмалку на 5 начини: Ќе имате повеќе енергија Вообичаено кога...

Што всушност значи процентот за дожд на телефонските апликации?

Денес, секој користи паметен телефон, но малкумина всушност ги знаат сите карактеристики и спецификации на телефоните. Често мислиме дека знаеме како функционира нашиот уред,...
spot_img