16.3 C
Shtip
spot_img

Пониски сметки за телефон – Македонија може да влезе во ЕУ роаминг системот

Веќе еден месец граѓаните на Молдавија не мора да се грижат дека ќе добијат високи сметки за мобилен интернет при патување во Европската унија. Оваа земја, заедно со Украина, во јануари стана дел од системот за роаминг на ЕУ, иако не е членка на Унијата.

Во меѓувреме, Европската комисија најави иницијатива истиот модел да се прошири и на земјите од Западен Балкан, што беше пречекано со голем интерес во регионот.

„Ненадејни сметки или повисоки трошоци за телефон за време на патување е нешто што во ЕУ повеќе не го познаваме. Денес предложивме ова правило да се прошири и на Западен Балкан“, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Иницијативата може да донесе значајни придобивки, бидејќи Европската унија е главен економски партнер на земјите од регионот. Голем број граѓани често патуваат во земјите членки на ЕУ поради туризам, работа или семејни врски со дијаспората.

Програмата „Роаминг како дома“ е во сила во Европската унија од 2017 година и им овозможува на корисниците да ги користат мобилните услуги во други земји членки по истите цени како во својата матична држава, без дополнителни трошоци за разговори, пораки или интернет.

На самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана во 2022 година беше потпишана декларација за постепено намалување на роаминг тарифите, а пониските цени стапија на сила во 2023 година. Според планот, цената на еден гигабајт мобилен интернет треба да се намали на околу 14 евра до 2026 година.

Доколку новата иницијатива се реализира, граѓаните од регионот би можеле да користат мобилен интернет и телефонски услуги во ЕУ без дополнителни трошоци, што значително би го олеснило патувањето, туризмот и деловната соработка.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img