17.9 C
Shtip
spot_img

Полека, но сигурно ЧЕТ-ГПТ почна да навлегува во банкарските сметки на корисниците!

Компанијата „Опен АИ“ претстави нова функција која овозможува поврзување на банкарските сметки директно со „Чет-ГПТ“, со што ВИ-системот добива пристап до многу чувствителни финансиски податоци на корисниците.

Новата опција моментално е достапна за корисниците на „Чет-ГПТ про“ во САД, а овозможува поврзување со повеќе од 12.000 финансиски институции со цел приказ на потрошувачката, состојбата на сметката, инвестициите и други финансиски активности во рамките на самиот четбот-систем.

„Опен АИ“ наведува дека корисниците можат да поставуваат прашања засновани на сопствената финансиска ситуација, вклучувајќи анализа на трошоците, планирање за купување куќа, процена на долговите или управување со инвестициите.

Компанијата најави и соработка со „Интуит“, па корисниците преку „Чет-ГПТ“ ќе можат да закажуваат консултации со даночни експерти.

Системот може да памети информации како што се кредити, заштеди, месечни трошоци или финансиски цели на корисникот, со цел идните разговори да бидат „полични и поцелосни“.
„Опен АИ“ тврди дека „Чет-ГПТ“ нема да има пристап до комплетните бројки на сметките, ниту можност за менување на финансиските податоци, но ВИ-системот ќе може да ги гледа состојбите, трансакциите, долговите и инвестициите на корисниците.

Сепак, токму тој дел веќе предизвикува сериозна загриженост кај експертите за безбедност и приватност. Критичарите предупредуваат дека потенцијалните напади, неконтролираното протекување податоци или злоупотребата на ВИ-системот би можеле да претставуваат голем ризик за корисниците што ги споделуваат финансиските информации со чет-ботот.

Особена загриженост предизвикува фактот што опцијата „Подобри го моделот за сите“ (Improve the model for everyone) кај многу корисници е автоматски вклучена, што значи дека податоците би можеле да бидат користени за тренирање на идните ВИ-модели, доколку корисникот рачно не ја исклучи таа опција.

Експертите предупредуваат дека евентуалниот пристап до податоците за трансакциите би можел да им овозможи на хакерите да создадат многу уверливи фишинг-пораки, бидејќи веќе ќе знаат каде купувал корисникот, кога и колку пари потрошил.

„Опен АИ“ засега нема објавено кога оваа функција ќе стане достапна за сите корисници на светско ниво.

━ повеќе содржини

Златен Даб ја носи новата Limited Edition приказна!

На 21 мај (четврток) од 17:00 часот, „Makka Bar“ ќе стане местото каде што младите ќе искусат спој на дизајн, музика и урбана креативност,...

Општина Штип ги објави резултатите од евалувацијата на проекти од јавниот повик во рамките на ReLOaD3 програмата

Комплетните Резултати од евалуацијата на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик во рамкитена ReLOaD3 програмата кој беше отворен од 30.01.2026 до...

Google тајно инсталирал датотека од 4GB на вашиот компјутер – еве како да ја избришете

Експертите предупредуваат дека Chrome ја зафаќа меморијата на вашиот уред без прашање за да заштеди на сопствените трошоци. Дознајте каде се крие контроверзната датотека...

ФК Брегалница си доби казна од 5.000 евра за лоша организација на мечот против Шкендија од Арачиново!

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија изрече серија санкции и отвори нови постапки по бурното коло во македонските фудбалски лиги, во кое беа...

Македонец пробал да шверцува златна плочка вредна 4,5 милиони денари!

Македонец со златна плочка во чевла тешка 848 грама и вредна над 4,5 милиони денари пробал да помине низ Богородица. Златна плочка со проценета вредност...
spot_img