8.7 C
Shtip
spot_img

Плата до 90.000 евра и над 60 слободни денови годишно – дали е ова работата од соништата?

Звучи како бајка или добар маркетинг трик, но во една хамбуршка компанија, работниците навистина имаат можност да не доаѓаат на работа повеќе од три месеци годишно и тоа целосно легално и платено.

Овие неверојатни услови за работа не се развиени за IT секторот во Силициумската долина туку за тешката индустрија, конкретно за вработените во најголемиот европски произведувач на бакар, компанијата „Aurubis“ од Хамбург.

Оваа фирма која вработува 2.800 луѓе, поставила нови стандарди кога станува збор за балансот меѓу приватниот и деловниот живот.

Математиката е јасна: оној којшто ќе ги исполни сите критериуми, може да добие дури 61 ден годишен одмор.

Како доаѓа до три месеци слободни денови?

Основата секако е законски и колективен договор, но „Aurubis“ нуди пакет бенефиции кои ретко се гледаат. Кристоф Теш, директор на корпоративни комуникации во оваа компанија, за германски „Bild“ објаснил како изгледа таа пресметка.

„Стандардот е 30 дена годишен одмор, како и дополнителни пет дена „иднина“ кои можат да се искористат како слободни денови или да се исплатат паушално“, наведува тој.

Меѓутоа, тука списокот не завршува. Работниците во смени добиваат уште еден дополнителен ден. Вистинската награда следува за искусните работници, оние постари од 55 години кои работат во смени можат да добијат 20 дена т.н. „старосна слобода“. На крај, тука е и специфичниот надомест на време.

Теш наведува уште „пет дена за преоблекување и оддалеченост од работното место во производството“.

„Тоа всушност не е годишен одмор туку компензација на времето“, појаснува Теш.

Овие денови се доделуваат затоа што вработените мора да облечат заштитна опрема, а самата фабрика во Хамбург се простира на неверојатни 870.000 метри квадратни, па патот од соблекувалната до работното место е прилично долг. Сепак, за работниците, слободен ден си е слободен ден.

Тешка работа, но врвна заработка

„Aurubis“ не е само фабрика за бакар, тие обработуваат и други метали, вклучувајќи злато, сребро и платина. Работата е тешка, но платите се во состав со одговорноста.

Дури и практикантите во првата година за обука заработуваат над 1.000 евра.

„До третата или четвртата година од обуката износот расте и до 1.500 евра месечно“, вели Теш.

Кога ќе се вработат како квалификувани работници, почетната годишна плата надминува 50.000 евра. За оние со искуство, како работниците во смена, заработката може да достигне и импресивни 90.000 евра годишно.

Пакет којшто привлекува работници

Покрај високите плати и рекордниот број на слободни денови, компанијата нуди божиќен регрес, придонесува за приватно пензионерско штедење, како и карта за превоз во цела Германија.

Целта на ваквата политика е јасна, да се привлече и задржи квалитетната работна сила во индустријата која често не е вистински избор за младите.

━ повеќе содржини

Објавени се сите детали за винскиот салон-фестивал “Приказна во чаша” во Штип

Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал "Приказна во чаша", кој за прв пат ќе се одржи во нашиот...

Подвиг на хрватските хирурзи: Извадија тумор од 36 килограми и спасија живот

Тим од врвни хрватски лекари извршија исклучително сложена и ретка оперативна зафат, отстранувајќи тумор со тежина од неверојатни 36 килограми кај една пациентка. Овој...

ЕМИГРАНТИ со нова трака „SuperMen“ – химна против хејтерите

Македонската хип-хоп група ЕМИГРАНТИ го објави својот најнов сингл „SuperMen“, кој излезе симболично на петок 13-ти. Станува збор за енергична trap/hip-hop трака со силна...

Следуваат денови на пониски температури, дожд, а понекаде и снег

Од денес следува промена на временските услови поради продор на ладна воздушна маса од север. Според најавите на метеоролозите, во наредните денови времето ќе...

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Кочани – Виница

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница,...
spot_img