9.3 C
Shtip
spot_img

Панел дискусија „Им веруваме ли на институциите“ во Штип

Во Штип за првпат се организираше панел дискусија на тема „Им веруваме ли на
институциите“, во организација на Роберт Аџипетров, а со поддршка од Фондацијата за
демократија на Вестминстер.

Настанот собра претставници од различни јавни институции на локално и централно ниво,
меѓу кои Вишна Шорова Ангелова, секретар на Општина Штип, Марија Николиќ, директор
на СОУ Јане Сандански, д-р Горан Андонов, директор на ЈЗУ Панче Караѓозов, Дејан
Здравков, директор на Казнено-поправниот дом Штип, Александар Арсовски, директор на
ЈП Исар и Душко Иванов, пратеник во Собранието на Република Македонија. Дискусијата
ја модерираше Игор Ефтимов од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а свое обраќање
имаше и организаторот Роберт Аџипетров како и Ветон Зеколи од Фондацијата за
демократија на Вестминстер.

Настанот привлече огромно влијание кај јавноста, а граѓаните за прв пат имаа можност
директно да слушнат што ги мотивирало носителите на јавни функции да го прифатат
предизвикот, како им изгледа еден работен ден како и со кои потешкотии се соочуваат.


Она на што се стави посебен акцент е колку е видлива работата на овие лица во јавноста и
дали институциите се доволно транспарентни. Целта на овој настан беше зајакнување на
довербата во институциите и нивно доближување до јавноста преку воспоставување на
непосредна комуникација.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img