13.5 C
Shtip
spot_img

Општина Штип и годинава воведува мерки против врсничкото насилство

Педагошко-психолошките служби работат с.о учениците, даваат помош и поддршка на наставниот кадар, воведени се дежурства на наставниците по ходниците за време на одморите, реализација на средби и советувања со родителите, соработка со СВР Штип за обука за наставниците и работилници за учениците, се дел од мерките кои што општина Штип ги презема со цел заедничко справување со врсничкото насилство.

Педагошко-психолошките служби работат со учениците, даваат помош и поддршка на наставниот кадар, воведени се дежурства на наставниците по ходниците за време на одморите, реализација на средби и советувања со родителите, соработка со СВР Штип за обука за наставниците и работилници за учениците, се дел од мерките кои што општина Штип ги презема со цел заедничко справување со врсничкото насилство. Во истата насока ќе се движи превенцијата и во новата учебна година,  изјави денеска раководителката на Сектор образование и јавни дејности во општина Штип, Снежана Санева.

-Сериозна тема и е проблем во училиштата, но секако се прават напори да се надмине тоа со различни мерки. Уште минатата година се воведоа дежурства на наставниците во ходниците за време на одморите. Така што ученците се постојано под контрола, исто така педагошко-психолошко служби ги интерзивираат своите работи постојано работат со учениците-вели Санева. 

Таа посочува дека на работилниците со учениците се зборува за опасностите од врсничкото насилство, превенцијата и последиците. Новата учебна 2026-2027 почнува на 1 септември, а во понеделник на 31 август во штипските основни училишта традиционално има свечен прием на учениците во прво одделение. Општина Штип и годинава ќе обезбеди бесплатни училишни униформи.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img