10.8 C
Shtip
spot_img

Општина Штип денес е домаќин на “Плазма спортските игри за млади”

Денес во Општина Штип се одржаа „Плазма спортските игри за млади“, кои претставуваат најголема аматерска спортска манифестација за млади во Европа, а оваа година за првпат се организираат и во Македонија.

Настанот е дел од караванот „Денови на спортот“, кој се реализира во рамки на игрите за млади, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за спорт на Македонија.

Свеченото отворање на игрите го означи градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека преку ваквите иницијативи на најдобар можен начин се вложува во младите. Тој нагласи дека спортот претставува значаен мост за зближување на учениците, кој придонесува за развивање на дисциплина и фер-плеј, како и за градење на здрави навики и позитивни вредности кај младите.

Во рамки на натпреварувачкиот дел, учениците од основните и средните училишта од Штип, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат на зонското првенство во повеќе спортови, меѓу кои: мал фудбал, одбојка, ракомет, народна, баскет 3×3, тенис, пинг-понг, шах и атлетика.

Државните победници во сите спортови и категории ќе обезбедат учество на меѓународното финале кое ќе се одржи во Сплит, заедно со победниците од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.

Општина Штип останува цврст поддржувач на младите, спортот, масовната физичка активност и здравиот начин на живот, со цел создавање активна, инклузивна и мотивирачка средина за сите млади луѓе.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img