6.7 C
Shtip
spot_img

Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет

Од петок ќе нема повеќе „оди провери во другиот маркет, можеби е поевтино“. Наместо со шетање, од дома ќе може да провериме каде е најисплатливо да пазаруваме. Трговците на интернет ќе мора да ги објават цените на сите производи. Освен маркетите, новитетите важат и за аптеките, салоните за бела техника, мебел… Објавувањето цени на Facebook или други социјални мрежи нема да се смета за исполнување на обврската. Цените мора да бидат јавно достапни на официјалната веб-страница. Од оваа обврска ослободени се само микро-трговците и трговците поединци. Според Законот за трговски друштва, доколку субјектот брои до десет вработени и во секоја од последните две пресметковни години или во првата од работењето остварил бруто-приход до 50.000 евра, спаѓа во категоријата на микротрговец. Тие не се обврзани да објавуваат цени, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите.

„Во тој закон имавме преземено и две обврски. Првата е министерството за економија и труд да објави позаконски акт со којшто ќе го уреди ова однесување. Тој ќе биде објавен оваа недела, по разговорите со министерот кои ги имав, бидејќи 18 април е денот кога ова веќе треба да стапи во сила. И втората е покрај тоа што ќе имаат обврска да ги објавуваат цените има и соодветни казни. Односно, доколку не ги почитуваат ќе бидат казнети од ДПИ“ – Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Цените ќе се ажурираат дневно, со што потрошувачите во реално време ќе може да споредуваат. Очекувањата се дека на овој начин ќе се зголеми конкуренцијата и цените дополнително ќе се намалат.

„Ако ја видите вие цената на некои производи во различни маркети ќе видите дека има навистина голема разлика во цената. На овој начин ние сакавме да поттикнеме една транспарентност која потоа сите оние кои се занимаваат со таков дел од општествената сфера ќе можат да ја искористат. Да креираат онлјан алатки каде што секој граѓанин ќе може да пазарува таму каде што смета дека цените му се најприкладни за неговите примања. Нашите очекувања се дека во оваа насока ќе имаме и те како намалување на цените, односно одржување на ценовната стабилност, бидејќи за последниве два месеца инфлацијата е намалена 2,4% што е еден позитивен индикатор дека мерките даваат резултат“ – Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Универзитетскиот професор Борче Треновски кој беше гостин во Тема на денот на Сител смета дека е добро да има и други механизми за објавување на цените.

„Колку од луѓето ќе го направат тоа? Колку од луѓето ќе отворат прво да ги погледнат цените. Дали можеби треба да има и други механизми во утврдување и објавување на цените. Верувајте, над 60-70% од оние кои ги гледам по продавниците и маркетите не се луѓе кои најверојатно на дневна основа би можеле да споредуваат цени. Така што, може да се најде некое објавување дали пред продавницата, дали да има посебен дел“ – Борче Треновски, универзитетски професор. 

Слични законски измени неодамна усвои и Хрватска. Разликата е што таму, освен актуелната продажна цена, треба да се наведе и старата цена на производот. Тоа ќе овозможи полесно следење на промените.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img