6.2 C
Shtip
spot_img

ОД АПРИЛ ЦЕНИТЕ НА ИНТЕРНЕТ – Ќе можат ли онлајн-ценовниците да ги поевтинат производите?

Поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурнетност и намалување на цените – се владините очекувања од промените внесени во Законот за заштита на потрошувачите. Трговците се должни во рок од 45 дена по објавувањето во „Службен весник“ да се прилагодат на измените, односно да ги објават на своите веб-страници цените на сите производи. Со обврска да ги внесуваат промените на дневна основа. Реализацијата на оваа новина би требало да стартува од средината на април.

„Граѓаните ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари. Ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ“, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Тоа не е мерка, тоа е евтин и смешен обид да се прикаже дека нешто се работи, додека граѓаните тонат во сиромаштија, обвинуваат од опозициската СДСМ. А, граѓаните, особено повозрасните, како што велат „на невидено“ не можат да кажат дали методот онлајн-ценовници ќе им биде од помош, бидејќи добар дел од нив не се многу вични со пребарувањето на интернет. Други, пак, посочуваат дека и да направат споредба, повторно ќе влезат во најблискиот маркет, затоа што одењето некаде подалеку одзема време.

Како што наведе и Дурмиши, кон законските измени се пристапи за заштита на животниот стандард на граѓаните, а следуваа откако беа донесени владините мерки кои веќе се во сила: ограничени се цените на осумте групи најоснови намирници, а лимитирани се маржите на 102 групи прехранбени производи и средства за хигиена. Сите се означени со „помалку трошоци, повеќе за тебе“, но потрошувачите, како и претходно се жалат дека тие артикли кои не се опфатени со мерките, поскапуваат. Односно, трговците имаат начини како да ги пресретнат рестрикциите и повторно да бидат во ќар.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и спроведуваат засилени контроли. Како што наведе Дурмиши, проверуваат деали маркетите ги усогласиле цените. Според работната агенда, до крајот на неделава треба да се изврши надзор на повеќе од илјада трговски објекти низ земјава. А, потоа ќе бидат презентирани наодите.

„Казните се движат од 500 до 10 илјади евра, па и со затварање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат, во просек, околу 10 проценти, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните“, изјави  Дурмиши.

Исто така, тој вели дека ја охрабрува Комисијата за заштита на конкуренцијата да продолжи со контролите на маркетите, во контекст на неодамнешните нивни сознанија за нарушување на пазарната конкуренција од страна на четири синџири маркети кои незаконски се договарале за цените.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img