25.5 C
Shtip
spot_img

Овчари од штипско одбиваат плата од 2.000 евра, оти им е тешка работата

„За овој период едвај обезбедивме овчари кои ќе се ангажираат, иако им нудевме плата месечно по 1.500 евра па дури и до 2.000 евра или вкупно за шест месеци од 9.000 до 12.000 евра. Повеќе млади овчари по една или две недели ја напуштаа работата, па така бевме принудени и за повеќе пари да бараме чувари и одгледувачи на нашите стада“, велат штипски сточари.

Сточарите и годинава, како и со години досега, не можат да најдат овчари кои би се нафатиле да работат во најнеопходната сезона на одгледување на овците, пред и по нивното прво и второ објагнување, или во период од шест месеци кој традиционално трае од Митровден на 8 ноември, до Ѓурговден на 6 мај, објави СДК.

„За овој период едвај обезбедивме овчари кои ќе се ангажираат, иако им нудевме плата месечно по 1.500 евра па дури и до 2.000 евра или вкупно за шест месеци од 9.000 до 12.000 евра. Повеќе млади овчари по една или две недели ја напуштаа работата, па така бевме принудени и за повеќе пари да бараме чувари и одгледувачи на нашите стада“, велат штипски сточари.

Сопственици на овчарски стопанства од регионот велат дека сега, кога заврши сезоната на откупот, задоцнети се најавените мерки за намалување на лимитот од 50 на 30 проценти за предадено јагне. Ако таа мерка се задржи може да биде поволна и корисна за наредната сезона.

„Имаше и такви потенцијални овчари од радовишките и од штипските села во Плачковичкиот Регион кои одбиваа и 2.000 евра месечна плата, со изговор дека во нивните места каде основна гранка е тутунарството оваа година имале многу погодности и бенефиции, па така тутунарството повеќе им се исплатело отколку да бидат овчари“, велат сточари од селото Криви Дол кај Штип.

Сточарите велат дека по завршувањето на откупната сезона имаат проблеми со чувањето и напасувањето на стадата.

„Јас сум тука кај ова стадо со околу 600 овци уште неколку дена затоа што за Ѓурговден мора да сум дома. Откупната сезона заврши. Јагниња веќе нема, освен што газдите си оставија за свои потреби. А, што ќе биде понатаму со основното стадо овци не знам. Со браќата се договоривме едни да работат со овци како овчари, други на тутунот во нашето родно село. Работата е тешка. Овците, а посебно јагнињата бараат голема грижа и внимание, но не се жалам. Имав добра плата како овчар, добро сместување и храна. Како ќе биде другата година ќе видиме“, велат младите овчари Џемаил и Али од радовишките села Калаузлија и Коџалица.

━ повеќе содржини

Утре е 21-то издание на “Outdoor Fest Ја сакам Плачковица”

Веќе традиционално, на планината Плачковица, по повод празникот Петровден се одржува Outdoor Fest, кој годинава е дел од Штипско културно лето. Во продолжение погледнете...

Al Jazeera Balkans се затвора по 14 години работа?

По четиринаесет години работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект Al Jazeera Balkans се затвора, пренесува босанскиот медиум Klix.ba. Al Jazeera Balkans е регионалната подружница на Al Jazeera Media Network со...

30 години Сребреница: Срамот на Европа

Кога силите на генералот на босанските Срби, Ратко Младиќ, во јули 1995 година го извршија геноцидот врз Бошњаците од тогашната енклава и зона под...

Amazon има повеќе од милион роботи: Човечката работна сила станува малцинство

Технолошкиот гигант Amazon објави дека сега користи повеќе од еден милион роботи во своите магацини низ целиот свет. Компанијата моментално вработува околу 1,56 милиони луѓе,...

Се разгоре војната меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Американскиот актер Бред Пит поднесе барање за пристап до приватните пораки на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли пред нивната судска битка за француската винарија...
spot_img