9.5 C
Shtip
spot_img

Објавен е јавен повик за “Штипско кутурно лето 2026”

Општина Штип објави јавен повик за пријавување проекти и програми за 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето“. Повикот е наменет за сите заинтересирани субјекти од областа на културата кои сакаат да земат учество во најстарата културна манифестација во општината.
Со повикот се бараат содржини што ќе одговорат на традицијата и реномето на „Штипско културно лето“, кое со децении претставува значаен културен белег на градот.
Пријавувањето се врши со пополнување на пријавен лист (формулар), кој треба да се достави во архивата на Општина Штип најдоцна до 6 април 2026 година. Нецелосно пополнетите пријави нема да бидат разгледувани.
Годинешното, 41. издание на „Штипско културно лето“ ќе се одржи во вообичаениот термин – од последната недела на јуни до крајот на јули 2026 година.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат кај Кирил Панајотов на телефон 078 47 26 99.

━ повеќе содржини

Поскапува дизелот!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши...

Познати се двојките во осминафиналето од Лигата на фудбалските шампиони!

Денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите сакаше мега-дерби уште во осминафиналето од најквалитетното клупско европско натпреварување и пресметка меѓу гигантите Реал Мадрид...

Сите матуранти од Источниот регион Државна матура од оваа година ќе полагаат во Штип

Сите матуранти од Источниот регион, почнувајќи од оваа година државната матура ќе ја полагаат во Штип. Ова е одлука на Министерството за образование и...

Градежна офанзица во „Сењак“

Офанзивна и долга градежна активност започна во штипската населба „Сењак“. Денес се започна со целосна реконструкција на улицата Џемај Биједиќ, која ќе биде комплетно...

ДиМ и Елида Маркети доаѓаат во Штип!

Чекајќи ги подготовките за отворање на долгонајавуваните Лидл маркети во Штип и воопшто во Македонија, некако во сенка доаѓаат два македонски брендови маркети. Станува...
spot_img