9.5 C
Shtip
spot_img

Обвинителството отвори истрага за скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

По синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одржан на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка поради скандирања со националистичка и етничка содржина, вклучувајќи повици за „Голема Албанија“, „Илирида“ и „Чамерија“, кои се слушнаа од трибините пред неколку илјадната публика.

И покрај апелите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и раководството на клубот Шкендија за спортско и фер навивање, дел од публиката одби да ги почитува повиците, со што, според надлежните институции, е нарушен јавниот ред и мир и се поттикнуваат етнички тензии.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека постапуваат по случајот врз основа на видео и фото-документација, и во координација со обвинителството се преземаат чекори за идентификација на инволвираните лица.

„Постапуваме со јавниот обвинител за целосно расчистување на случајот. Отпочната е постапка за идентификација на лицата што учествуваа во инцидентот“, соопштија од СВР Скопје.

Истиот натпревар беше следен и од високи државни функционери, меѓу кои вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за економија Бесар Дурмиши, како и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари. Претседателот на Собранието, кој пред неколку дена јавно ги осуди ксенофобичните скандирања во Куманово, овој пат на својот профил на Фејсбук упати честитка до навивачите, оценувајќи дека биле „достоинствен пример за националните вредности“.

Реакција пристигна и од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од каде остро ги осудија националистичките повици, предупредувајќи дека ваквите испади не само што го нарушуваат спортскиот дух, туку и ја поткопуваат меѓуетничката кохезија во земјата.

„Повиците за ‘Голема Албанија’, ‘Чамерија’ и ‘Илирида’ се далеку од спортски израз и претставуваат потенцијал за поттикнување омраза и меѓуетнички конфликти“, се наведува во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

ФФМ уште пред почетокот на натпреварот апелираше до публиката да се воздржи од навреди и провокации, повикувајќи на почитување на спортските и човечките вредности.

Овој инцидент е само уште еден во серијата спортски настани обременети со етнички пораки, наместо со фер-плеј и спортски достигнувања. Обвинителството веќе води истрага и за слични скандирања на кошаркарскиот натпревар Македонија – Романија во Куманово, каде неколку лица веќе беа повикани на информативен разговор.

━ повеќе содржини

Следната година пристигнува првиот iPhone на преклоп

Следната година треба да биде доста интересна за Apple и за сите фанови на телефоните на компанијата. Можеме да очекуваме нова генерација поевтини телефони...

Македонија на мапата: Донаторска сперма со висок ризик од рак дистрибуирана низ Европа

Сперма од донатор со генетска мутација која значително го зголемува ризикот од развој на рак била користена за зачнување речиси 200 деца низ Европа,...

Се нормализира сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица

Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од...

Пријавите за избор на спортист на годината за 2025 во Штип се во тек!

Општина Штип го објави конкурсот за избор на спортист на годината за 2025 година. Сите спортски здруженија, колективи, клубови, спортисти, тренери, спортски работници можат...

„Мигранти нема да има во Македонија“ – велат од власта

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја...
spot_img