30.9 C
Shtip
spot_img

НК Фаланга и Ултра Банда подготвуваат спектакл по повод влезот на Брегалница во прва лига!

Навивачките клубови Фаланга и Ултра Банда повикуваат на сенародна мобилизација за саботниот меч (23.05.2026) на ФК Брегалница против ФК Победа од Прилеп. Со тој натпревар, се спушта завесата на овогодинешното второлигашко натпреварување, а Брегалница како првопласирана од следната година ќе се натпреварува во македонската фудбалска елита.

Она што е интересно за граѓаните на Штип е повикот од навивачките групи до сите љубители на спортот да останат на стадионот и по завршувањето на натпреварот и свечената церемонија, бидејки организираат спектакуларно пиротехничко шоу во чест на нивните миленици – фудбалскиот клуб Брегалница. Стартот на шоуто е најавен за 20:00 часот.

Инаку, натпреварот започнува од 16:30 часот, а влезот ќе чини симболични 100 денари.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img