23.6 C
Shtip
spot_img

Нема да има геј парада во Македонија годинава!

Организацијата „Тансформа“ објави дека оваа година нема да има марш за правата на ЛГБТ луѓето. Ваква одлука донеле поради трагедијата која се случи во Кочани.

„На 31 март ширум светот ги славиме животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Овој ден не е само момент за прослава, туку и за јасно адресирање на маргинализацијата, дискриминацијата и насилството со кои се соочуваме како заедница. Тој е повик за правда, за промени и за солидарност. Во Македонија, ТрансФормА веќе седма година по ред го организира Маршот на видливост. Но, оваа година, само две недели по трагедијата во Кочани, не можеме да маршираме со срца обвиени во болка. Ова не е избор за невидливост. Напротив, нашиот глас, нашата борба и нашата солидарност остануваат силни. Но, не сакаме да чекориме низ улиците како ништо да не се случило. Оваа година сведочевме за систем кој не само што нè маргинализира како заедница, туку и ги обезвреднува сите животи. Транс заедницата знае што значи да се биде напуштен, игнориран и оставен сам на себе. Затоа, повикуваме на солидарност и меѓусебна грижа – бидејќи тие нè одржуваат во живот кога системот нè напушта. Иако оваа година нема да маршираме, нема да молчиме“, велат од „Тансформа“

Тие велат дека ќе се обраттат до јавноста, стоејќи заедно со сите што бараат правда, со сите што сакаат систем кој ќе ги вреднува човечките животи подеднакво.

„Видливоста е клучна во борбата за нашите права. Во општество како македонското, каде стереотипите и предрасудите сè уште имаат силно влијание, видливоста е предизвик што ги разобличува заблудите и создава простор за прифаќање. Седум години по ред, Маршот на видливост докажа дека транс луѓето одбиваат да бидат избришани или замолчани. Продолжуваме да се бориме за место во општеството кое нè признава како негов интегрален дел. Но, не смееме да ја игнорираме опасноста што ја носат конзервативните анти- родови движења, кои шират страв, дезинформации и омраза. Нивната реторика има за цел да ги поткопа нашите права и достоинството на транс луѓето. Мораме да се спротивставиме на оваа штетна агенда и да ги поддржиме вистинските семејни вредности – емпатијата, разбирањето и безусловната љубов. Семејните вредности не подразбираат омраза, исклучување или неприфаќање на различностите. Тие значат поддршка, почит и инклузивност за секоја индивидуа, без разлика на родовиот идентитет. Како општество, имаме заедничка одговорност да осигуриме дека трансродовите лица ги имаат истите права и можности како сите други. Треба да се спротивставиме на предрасудите и дискриминацијата, каде и да се појават. На овој ден апелираме до целата јавност: да се обидеме заедно да ги прифатиме транс луѓето како рамноправни членови на општеството, кои заслужуваат љубов, почит и заштита. Да се залагаме за иднина каде што ќе можеме да живееме автентично, без страв од насилство или дискриминација. Заедно можеме да придонесеме транс луѓето ќе бидат видени, чуени и вреднувани како сите останати. Заедно можеме да создадеме свет кој ги вреднува сите животи. Не заборавајте: Транс правата се човекови права“, додаваат тие.

━ повеќе содржини

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...

Се нормализира водоснабдувањето во Штип!

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Поголем дел од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните кои што живеат во повисоките зони на...

101 година од „Палјачи“ – првата опера во Македонија која се одржала во Штип!

На 29 август 1925 година, во просториите на тогашниот Офицерски дом во Штип, се кренала завесата за операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало....

Благослов и молитва за почетокот на новата учебна година во Штип!

Со благослов и молитва за успешен почеток на новата учебна година, во Штип ќе се одржи соборна молитва – молебен за сите ученици, студенти,...
spot_img