27.2 C
Shtip
spot_img

На Македонија ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со лица кои што имаат помалку активности, а одредени сектори имаат недостаток на вработени, а имаат огромни ингеренции. Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред се инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија. На пример, Државниот пазарен инспекторат има вкупно 40 вработени инспектори за цела Македонија, што значи огромен недостиг на кадар за покривање на сите ингеренции и контрола на сите зададени надлежности, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави и одговорност за сите кои го изигруваат и не го почитуваат законот а во однос на направените контроли што се спроведуваат во ноќните клубови и кабареа ширум државата.

– Државниот пазарен инспекторат настапува со асистенција на Министерството за внатрешни работи и го информираат Јавното обвинителство за активностите кои што ги преземаат, така што овие случаи нема да останат само на констатирање на неправилност, туку секако ќе следи и кривична одговорност секаде каде што се изигрувал и не се почитувал законот, истакна Николоски.

━ повеќе содржини

Штип добива две нови катни гаражи со вкупно 140 паркинг места

Во близина на зградата „Промаја“ започнува изградбата на нова катна гаража со капацитет од 50 паркинг места, информираа од Општина Штип. Дополнително, до крајот...

Дневен хороскоп за 30.јуни 2025 (понеделник)

ОВЕН Работа: Можете да очекувате динамичен ден во кој брзината, но и прецизноста, ќе бидат клучни. Ќе има потреба да се решат неколку работи одеднаш,...

Трамп: Најдовме купувач за ТикТок

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Фокс њус изјави дека САД пронашле „купувач за ТикТок“. Според Трамп, се работи за група „многу богати луѓе“....

Ќе се снима филм за Дарко Панчев!

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат...

Скулптури на познатиот штипски професор и скулптор Никола Смилков ќе бидат изложени во хрватскиот остров Шолта

Скулпторот и професор Никола Смилков од Штип ќе има изложба во галерија на хрватскиот остров Шолта, во организација на тамошниот Културно-информативен центар. Тој изминативе...
spot_img