31.2 C
Shtip
spot_img

НАЈМЛАДИОТ ПАЦИЕНТ НА ДИЈАЛИЗА ИМА САМО 13 ГОДИНИ: Денеска е Светскиот ден на бубрегот

Милиони луѓе ширум светот се борат за втора шанса за живот, чекајќи трансплантација на орган што може да им го спаси животот, да им го продолжи, и секако да им го подобри квалитетот на живеењето. Последните податоци покажуваат дека повеќе од 2 милиони пациенти се на листите за трансплантација, но бројот на донатори е далеку помал од потребите. Секој ден, стотици луѓе ја губат битката, не дочекувајќи го органот што им е неопходен.

Најчесто трансплантиран орган е бубрегот, бидејќи хроничната бубрежна болест е глобален здравствен проблем што зафаќа милиони луѓе. Токму затоа, Светскиот ден на бубрегот, кој оваа година се одбележува на 13. март, е посветен на подигање на свеста за важноста на превенцијата, раната дијагноза, но и на трансплантацијата како најефективен третман за пациентите со терминална бубрежна болест.

Во разговор за Фактор, Националната координаторка за трансплантација, д-р Билјана Кузмановска потврди дека бројот на пациенти кои чекаат трансплантација на орган, вклучително и бубрези е трицифрен. Дополнително, 1.657 лица се принудени редовно да посетуваат дијализни центри во 17 градови низ државата. Најмладиот пациент на дијализа има само 13 години. Годинава, трансплантации сè уште не се извршени, бидејќи одделението на Клиниката за урологија е во процес на реновирање, а повторното активирање се очекува во април.

Во пресрет на Светскиот ден на бубрегот, експертите повторно предупредуваат дека е неопходно да се креира одржлив систем за трансплантација и да се зголеми свеста за донирањето органи, бидејќи за многумина, тоа е единствената можност за нов живот. Овогодинешната кампања, „Дали Вашите бубрези се во ред? Откријте на време, заштитете го здравјето на бубрезите“, нагласува дека трансплантацијата е најефективниот третман за терминалната бубрежна болест, но и дека без доволно донатори, многу животи остануваат во неизвесност.

„Донирањето органи е највисок чин на човекољубие и благородност. Трансплантацијата во Северна Македонија е строго регулирана, како од законодавен, така и од медицински аспект, а ние постојано работиме на унапредување на системот, со цел да ги достигнеме европските стандарди. Досегашните успешни трансплантации – и од живи, и од починати донори – покажуваат дека подигнувањето на свеста за донирањето е од клучно значење. Потребна е континуирана едукација на населението за значењето на овој хуман чин, бидејќи секоја донација значи шанса за нов живот“, посочува за Фактор, д-р Кузмановска.

Трансплантацијата на органи не е само медицински предизвик, туку и етичко и законско прашање кое различно се регулира низ светот. Додека некои земји имаат поригорозни политики, други имаат пофлексибилен пристап со цел да се зголеми бројот на донори и да се спасат повеќе животи.

„Трансплантацијата е медицинска постапка што се изведува ширум светот, а водечки земји во оваа област се САД и европските држави. Целта секогаш е јасна – продолжување на животот на пациентите на кои им е неопходен орган, но и подобрување на квалитетот на нивниот секојдневен живот. Кога станува збор за законската регулатива, во некои европски земји, при мозочна смрт, доколку органите се здрави, тие се донираат без дополнителна согласност, а семејството само се известува за тоа. Во Северна Македонија, според важечкиот закон, секогаш се бара согласност од најблиските роднини на починатиот. Сепак, досегашните примери покажуваат дека многу семејства направија ваков хуман чекор, овозможувајќи некому втора шанса за живот“, вели Националната координаторка за трансплантација.

Хроничната бубрежна болест е тивка пандемија на 21. век за што се предвидува дека до 2040 година ќе стане петта водечка причина за предвремена смрт кај населението. Еден од 10 возрасни лица имаат некоја форма на бубрежно оштетување, а скоро 90 отсто од луѓето кои се соочуваат со хронична бубрежна болест, го игнорираат нејзиното постоење.

━ повеќе содржини

СДСМ го избра својот кандидат – може ли Павел Иванов да го победи Иван Јорданов?

На седница на Извршниот одбор на СДСМ, Павел Иванов беше едногласно избран за кандидат за градоначалник на Штип на претстојните локални избори. СДСМ преку...

Штипската машка одбојкарска екипа најави европско деби

Во прилог, во целост го пренесуваме комплетното известување до јавноста од страна на клубот: Со задоволство ја информираме јавноста дека раководството на нашиот клуб аплицираше...

ПРВА ТРАНСПЛAНТAЦИЈА НА МОЧЕН МЕУР – Медицината направи нешто што до вчера изгледаше невозможно

Во светот на медицината ретко се случува нешто што навистина може да се нарече „историски момент“. Но, токму тоа се случи на 4 мај...

ЛАЖНА НАГРАДНА ИГРА СО ИМЕТО НА „ЛИДЛ“ – Компанијата со предупредување до граѓаните

Компанијата „Лидл“ ја информира јавноста дека на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат...

ВЛАДЕ ДИВАЦ ПАДНА ОД МОТОР, ИТНО Е ОПЕРИРАН

Брзата интервенција на лекарскиот тим од Црна Гора го спаси познатиот српски кошаркар Владе Дивац од посериозни повреди. Вграден му е вештачки колк, затоа...
spot_img