27.5 C
Shtip
spot_img

Намален бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани

Седум дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во земјава и надвор од државата. Но, како што посочуваат надлежните, борбата не е завршена, таа допрва претстои, почнува ризикот од инфекции и претстои можно влошување на состојбата. Сепак, утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата.

Во земјава моментно се лекуваат 54 пациенти од пожарот, на Клинички центар се 27 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 11, во Градска општа болница – 10, додека на приватните клиники се лекуваат шест пациенти.

Од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош.

Mинистерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, вчера соопшти дека од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, се очекува идната недела пет да бидат вратени во земјава. По тријажата која ќе им биде направена, потенцира, ќе се утврди дали ќе бидат задржани на некои од трите болници во Скопје или ќе бидат испратени на домашно лекување.

Таравари нагласи дека шест пациенти се во критична состојба, додека пак, останатите 109 пациенти се во релативно добра состојба. Од пациентите кои се во критична состојба, двајца се лекуваат во Љубљана и четири во Воено-медицинската академија во Белград.

Во врска со оние пациенти кои се очекува идната недела да се вратат во земјава, Таравари рече дека според информациите кои ги добиваат тие дури би можеле да се вратат со комерцијални летови.

„Од Италија се планира еден испис, од Шпанија се планираат два исписа, од Шведска еден испис и од Австрија два исписи. Ова е планот, но не е дефинитивно во понеделник ќе ве известиме точно. Подготвуваме протоколи кои што ќе бидат прифатени од Кризниот штаб и објавени транспарентно за да се види како ќе се третираат пациентите. Најпрво ќе ги примиме во болниците, потоа ќе ги пуштиме дома“, рече министерот Таравари.

Според Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Тимови од Израел и Велика Британија, како што рече вчера на прес-конференција, помагаат да се направи планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман во земјата.

Според него, борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата. Информираше дека претходниот ден биле хоспитализирани шест нови пациенти – пет на Токсикологија и еден со комбинирани – респираторни проблеми и изгореници.

Клековски соопшти дека ФЗОМ им дал насоки на матичните лекари за отстранување на ограничувања во пропишување на лекови и боледувања за засегнатите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, со оглед на тоа што досега не биле предвидени вакви ситуации освен за заразни болести.

Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грција, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.

Чешка и Израел испратиле медицински тимови додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедиле логистичка поддршка за транспорт на повредените.

━ повеќе содржини

Утре е 21-то издание на “Outdoor Fest Ја сакам Плачковица”

Веќе традиционално, на планината Плачковица, по повод празникот Петровден се одржува Outdoor Fest, кој годинава е дел од Штипско културно лето. Во продолжение погледнете...

Al Jazeera Balkans се затвора по 14 години работа?

По четиринаесет години работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект Al Jazeera Balkans се затвора, пренесува босанскиот медиум Klix.ba. Al Jazeera Balkans е регионалната подружница на Al Jazeera Media Network со...

30 години Сребреница: Срамот на Европа

Кога силите на генералот на босанските Срби, Ратко Младиќ, во јули 1995 година го извршија геноцидот врз Бошњаците од тогашната енклава и зона под...

Amazon има повеќе од милион роботи: Човечката работна сила станува малцинство

Технолошкиот гигант Amazon објави дека сега користи повеќе од еден милион роботи во своите магацини низ целиот свет. Компанијата моментално вработува околу 1,56 милиони луѓе,...

Се разгоре војната меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Американскиот актер Бред Пит поднесе барање за пристап до приватните пораки на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли пред нивната судска битка за француската винарија...
spot_img