16 C
Shtip
spot_img

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Студеното време води ги стеснува крвните садови, ја отежнува работата на срцето кое треба да работи понапорно, да пумпа повеќе крв. Истражувањата покажуваат покажале дека инфарктите настануваат точно кај такви температурни варијации, изјави д-р Господинова-Николова.

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните луѓе, децата, па дури и доенчињата, информираа денеска лекарите од кумановската општа болница. Температурните шокови поизразени се во пролет, отколку во есен, а повеќе ги чувствува женската популација, отколку мажите, изјави д-р Нора Господинова – Николовска, специјалист по интерни болести во општа болница Куманово.

Температурните разлики негативно влијаат врз кардиоваскуларниот систем, респираторниот ги влошуваат постоечките состојби како што е мигрената, а имаат влијание и врз менталното здравје. Температурните разлики во самиот ден и преку ноќта, преодот од зимско кон пролетно време предизивикуваат варијации во кардиоваскуларниот систем, што резултира со покачен крвен притисок.

-Температурните разлики водат до нарушувања на имуниот одговор, односно го намалуваат, што доведува до зголемување на инфекциите. Студеното време води ги стеснува крвните садови, ја отежнува работата на срцето кое треба да работи понапорно, да пумпа повеќе крв. Истражувањата покажуваат покажале дека инфарктите настануваат точно кај такви температурни варијации, изјави д-р Господинова-Николова.

Оние кои веќе имаат дијагностицирани проблеми треба редовно да ја земаат пропишаната терапија. Дел од пациентите во овој период во пролет се жалат на малаксаност, замор, нарушен сон, без некоја конкретна здравствена причина.

– Организмот веќе е исцрпен од зимата кога имало намалено внес на витамини, краткиот ден и ниските температури водат до нарушување во зрачењето на невротрансмисиите како што серотонин и мелатонин што води до нарушување на сонот нарушување на времетраењето и квалитетот на сонот до несоница преку поспаност, вели специјалистот по интерни болести.

Скратувањето на еден час од преодот од зимско кон летно сметање на времето предизвикува краткорочни последици како што се вртоглавица, подолготрајни главоболки, варијации на крвниот притисок.

– Советувам внимателен избор на облеката, наредно зголемен внес на овошје и зеленчук заради зголемен внес на витамини зголемени внес на течноста, доволно време за спиење и важна е умрената физичка активност-како што е пешачењето е клучно за одржување на здравјето, вели докторката.

━ повеќе содржини

РЕКОРДНИ 22,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАУКАТА ВО 2026 ГОДИНА Ќе се трошат за научни проекти, конференции, стипендии, објавување трудови…

Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари (22,2 милиони евра) со кои...

Што значи кога ќе се запали „Check Engine“ ламбичката?

Многу возачи панично реагираат кога ќе се запали жолтата ламбичка со натпис „Check Engine“ на контролната табла, но тоа не мора секогаш да значи...

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше...

РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата

Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја...

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...
spot_img