9.4 C
Shtip
spot_img

Мост на Велигденско Заедништво во Гимназијата „Славчо Стојменски“ Штип

Во духот на големиот христијански празник Велигден, на 16 април 2025 година, во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип се одржа топол и значаен настан исполнет со љубов, мир и културно сплотување.

Во соработка со заедницата на Хрвати „Либертас“, нашите ученици со многу труд, креативност и заедништво изработија величествено велигденско јајце, симбол на нови почетоци и заедничка иднина.

Настанот беше вистинска манифестација на поврзување меѓу култури, а големиот број присутни ученици, наставници, гости и претставници од заедницата го направија уште повреден.

Горди сме што ја негуваме традицијата, толеранцијата и креативноста. Ви благодариме на сите кои беа дел од овој убав ден!

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img