9.1 C
Shtip
spot_img

Месец април ни носи НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ

Месец април ќе понуди вистинско уживање за љубителите на ѕвезденото небо.
Освен што е познат по пролетните метеорски дождови, годинава април ќе биде запаметен и по небесните огномети што ќе го осветлат ноќното небо, велат астрономите.

Според НАСА, од 20 до 26 април гледачите од северната хемисфера ќе имаат ретка можност да набљудуваат два метеорски дожда истовремено – Лиридите и Ета Акваридите.

Лиридите потекнуваат од кометата Тачер и својот максимум го достигнуваат кон крајот на април, кога може да се видат околу 18 метеори на час. Астрономите препорачуваат да се набљудуваат во најтемните часови од ноќта, по заоѓањето на месечината, но пред изгрејсонце. Тие се појавуваат во близина на ѕвездата Вега.

Од друга страна, Ета Акваридите, кои потекнуваат од славната Халеева комета, најчесто го достигнуваат врвот на почетокот на мај и можат да достигнат до 50 метеори на час. Познати се по својата брзина, а се движат со речиси 66 километри во секунда. Овој метеорски дожд ќе биде активен од 20 април до 21 мај, а најдобро ќе се гледа пред зори, со поглед насочен кон соѕвездието Водолија.

Почетокот на април носи и други небесни чуда


Освен метеорите, љубителите на вселената имаат шанса да го пробаат и таканаречениот „Месиеров маратон“, предизвик кој подразбира набљудување на што е можно повеќе од 110 објекти од Месиеровиот каталог, меѓу кои се маглини, ѕвездени јата и галаксии.

На 11 и 12 април Месечината и Марс ќе се доближат, придружени од близначките ѕвезди Кастор и Полукс.

Сите овие небесни настани ќе бидат видливи од северната хемисфера, како со телескоп така и со голо око, под услов да имате чисто небо и малку трпение.

━ повеќе содржини

Ни снемува кислород на Земјата – се предвидува крајот на животот каков што го познаваме

Зголемувањето на температурата ќе го отежне опстанокот на Земјата пред нејзиното конечно уништување. Целта на една нова студија била да се одреди точниот момент...

Кога главоболката е симптом на тумор

Главоболките се вообичаена непријатност, но некои од нив може да бидат знак за посериозни здравствени проблеми коишто никогаш не треба да ги игнорирате. Британскиот...

Шок за Американците: Нема повеќе „Фолксваген“ од Европа и Мексико – испораките запрени!

Концернот „Фолксваген“ (Volkswagen) воведе привремено запирање на железничките испораки на автомобили од Мексико и Европа во САД, а поради новововедените увозни давачки на администрацијата...

Цените на какаото и кафето остро паднаа, дали ќе се намалат цените и во Македонија?

Цените на какаото и кафето остро паднаа на светските берзи, бидејќи трговците беа потресени од бранот американски царини, што ја подгрева загриженоста за побарувачката. Американскиот...

Убавата Миа е слаба страна на секој фудбалер, а има и добра причина за тоа – нејзиниот OnlyFans профил руши рекорди

Миа Винворд-Дан е ќерка на поранешниот англиски фудбалер Дејвид Дан и британската актерка Семи Винворд. Миа крена огромна прашина откако родителие целосно ја исфрлиле од...
spot_img