18.1 C
Shtip
spot_img

Македонија го одбележува 9 мај – ден на борбата за мир и правда

Македонија со низа настани го одбележува Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во време кога сите земји во Европа прават сè за мирот и безбедноста да биде реалност на целиот континент, државиот врв порача дека Европа мора да биде силна, единствена, како и во самиот зачеток на европската идејата за заедно и храбро да застанеме против сите закани.

„Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите“, вели во честитката премиерот Христијан Мицкоски. 

За Македонија, вели тој, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. „Нашиот пат кон ЕУ е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото“, дециден е Мицкоски.

Тој потенцира дека не треба да заборавиме и на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот. „Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани кои во своите животи ги положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија. Пред нивното дело се поклонуваме со огромна почит и внимание. Затоа победата над фашимот е и наше право, а почитта кон тоа е наш долг“, вели Мицкоски. 

Почит за пожртвуваноста на борците

Делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, придружуван од министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и за правда, Игор Филков, положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта во Бутел во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. На спомен обележјето венци со свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, од Собранието, од Кабинетот на претседателката, од АРМ, како и делегации од амбасадите на Австрија, Франција и Германија, Италија, Црна Гора, Шпанија, Украина и други организации и здруженија.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img